Хакерите ширум светот ѝ помагаат на Исламската држава

Се поголема е групата на хакери кои и помагаат на екстремистичката организација Исламска држава да ги шири своите пораки, така што ги хакираат медиумските организации и интернет сајтовите, предупредува компанијата „Фајар ај“ која се занимава со тхнолошка безбедност.„Многумина заминуваат за да се борат на страната на ИСИЛ, но друг начин на борба е да останете дома и да го правите тоа од својот дом“, изјавил Дејвид Меркел, шеф на технолошкиот отсек на компанијата „Фајар ај“.
„Доколку имате пристап на интернет и одредени вештини за хакување, дефинитивно можете да допринесете за борбата“, додава тој.
Меркел истакнал дека Исил е позната по користењето на алатки за сајбер напади во конфликтните зони за да собере податоци за непријателската сила.
Но, постојат многу докази дека луѓето ширум светот  ја помагаат ИСИЛ во изведување на сајбер напади и ширење на пропаганда.
Тешко е да се припишат овие напади директно на исламската држава, но нема сомнеж дека тие се изведени под знамето на оваа организација, смета Меркел.
Од компанијата порачуваат дека ги забележале нападите врз  мали компании и профили на социјалните мрежи кои им припаѓаат на американски тв станици и на други новинарнски куќи во светот, а кои се изведени по пример на нападите на ИСИЛ.
 
Нападот кој неодамна ја оневозможи работата на француската тв станица ТВ5 Монд на неколку часа, очигледно дека го извеле симпатизерите отколку припадниците на ИСИЛ, додал Меркел.
Фактот дека на исламската држава и биле потребни неколку часа, преку официјалните комуникации на социјалните мрежи, да превземе одговорност за нападот покажува дека таа сигурно не била организатор на нападот.
Освен тоа, на многу веб сајтови се појавиле видео снимки и пораки со пропаганди на ИСИЛ, кои биле поставени од страна на хакерите кои ги поддржуваат целите на групата.
Недостатокот на врска помеѓу нападот и хиерархијата на  Исламската држава го отежнува предвидувањето што следно ќе нападне и зошто, заклучил Меркел.„Многумина заминуваат за да се борат на страната на ИСИЛ, но друг начин на борба е да останете дома и да го правите тоа од својот дом“,

Пронајдете не на следниве мрежи: