Хакирана мрежата на најголемиот производител на СИМ картички!

Американски и британски шпиони ја хакирале интернет-мрежата на најголемиот светски производител на СИМ-картички и ги украле кодовите кои им овозможуваат низ светот да ја прислушуваат комуникацијата по пат на мобилни телефони, пренесува американската веб страна The Intercep.The Intercept пишува дека до овие сознанија се дошло по објава на документите што ја овозможи поранешниот разузнавач Едвард Сноуден.
Gemalto сериозно ги сфатил наводите, но според првичната истрага се покажало дека СИМ картичките се сигурни.
The Intercept наведува дека хакирањето организирано од британски GCHQ и американската Национална агенција за безбедност (NSA) почнало во 2010 година. Ни една од агенциите не ги коментираше наводите, до сега.
„13,1 милион СИМ картички во Австрија се погодени“, вели портпаролот на Зелените, Петер Пилц, за весникот Heute.
Разузнавачките агенции со помош на клучот за дешифрирање можат да прислушуваат гласовни и дата комуникации без притоа да се бара одобрување од телекомуникациските оператори или од странските влади.
Британскиот владин штаб за комуникации ги следела е-пораки на повеќе од 150 луѓе, главно запослени во кинескиот гигант Хуавеи, но и во компаниите Ериксон, Нокиа, Јаху, Гугл…
Гемалто, со седиште во Холандија, е глобален лидер во дигиталната безбедност, произведува чипови за мобилни телефони и нова генерација кредитни картички, а меѓу клиентите на компаниите се околу 450 провајдери на безжична мрежа низ светот.
Компанијата работи во 85 земји и годишно произведува околу 2 милијарди СИМ-картички. Според документите објавени од Сноуден, Гемалто воопшто не бил ниту свесен за упадот во системот, ниту, пак, дека вработените во компаниите биле жртви на шпионажа.
Извршниот потпретседател на „Гемалто“, Пол Беверли, изразил длабока загриженост поради тие наводи.
– Сега е најважно да сфатиме како тоа е направено за да се преземат сите мерки за тоа повеќе да не се повтори – рекол Беверли.The Intercept пишува дека до овие сознанија се дошло по објава на документите што ја овозможи поранешниот разузнавач Едвард Сноуден.
Gemalt

Пронајдете не на следниве мрежи: