Хакерската колективна група CyberBerkut го обвини милијардерот дека стои зад сцената во Украина. Во 3 документи, наводно пробиени од е-мејл преписка меѓу менаџер на фондот и претседателот на Украина Порошенко, Сорос поставува “Едена кратка и средена сеопфатна стратегија за новата Украина”Двајца милијардери – финансиерот Џорџ Сорос и претседателот на Украина, Петро Порошенко – во тајност кројат план како да се вооружи Украина, а притоа да не се прекршат одредбите на Договорот од Минск, а тие нивни преписки ги објавила хакерската група Кибер-Беркут.Преписките потврдуваат дека “на Сорос му е потребна Украина за да војува против Русија”, наведуваат од Кибер-Беркут. Од преписките се гледа дека Сорос заговара доставување на супер-модерно оружје до украинската војска и присуство на американски инструктори во Украина.
Сорос му е советник на Порошенко за воени прашања, се истакнува во соопштението на Кибер-Беркут. Тој е тој кој го советувал Порошенко за главни луѓе на безбедносните структури и вооружените сили да ги постави американскиот генерал Весли Кларк и полскиот генерал Валдемир Шкипак. Тој исто така на Порошенко му укажал дека е потребно да воспостави видлива борба против корупцијата, се наведува во соопштението.Сорос инсистира ЕУ на Украина да ѝ додели помош во висина од една милијарда евра годишно, а Кибер-Беркут истакнува дека ова е посебно интересно, бидејќи би било добро да се види како граѓаните на ЕУ би реагирале на идејата да се финансира “киевската хунта”.
“Западот сака Киев да ги обнови борбените капацитети на Украина без кршење на договорот од Минск”, напишал меѓу другото Сорос.
“Со покерски јазик, САД ќе следи, но нема да го крева влогот”, им објаснил 84-годишниот американски бизнисмен на украинските лидери.Хакерите на интернет објавиле три документи.Двајца милијардери – финансиерот Џорџ Сорос и претседателот на Украина, Петро Порошенко – во тајност кројат план како да се вооружи Украина, а прит



