Како спиевте синоќа?Ако посетувате сајтови за возрасни, оние за запознавање и секс преку интернет, би било добро прво да прочитате што се случи, па да проверите дали ви е компромитирана корисничката сметка, а потоа без паника да ги промените лозинките на сите сајтови на кои имате профил (да, на сите).
Масивниот хакерски напад на мрежата сајтови зад која стои „Friend Finder Network“ доведе до изложување на над 412 милиони корисници на ризик нивните идентитети да бидат откриени и нивните лични податоци да бидат украдени.
Имено, хакирани се 339 милиони профили на сајтот AdultFriendFinder.com (за онлајн секс и свингери), вклучувајќи 15 милиони неактивни, и дури и избришани профили (копиите се чуваат во базата на податоци на сајтот), 62 милиони профили на сајтот Cams.com, седум милиони профили од сајтот Penthouse.com и уште неколку милиони од непознати сајтови.
Според откритието на LeakedSource, хакирана е комплетната база на податоци која содржи активни, неактивни и избришани профили со променети и нецитирани сајтови во последните две децении!
Хакерскиот напад се верува дека е извршен од страна на руски хакери, а според информациите, дури 99 отсто од лозинките лесно може да се погодат, бидејќи алгоритмот на заштита на хакираните сајтови бил застарен и лош.
Ако поседувате сајт за возрасни, гледате порно филмови онлајн или виртуелно се состанувате со други корисници, сменете ја лозинката. Да потсетиме дека и неодамна е хакиран и сајтот PornHub и неговите „сестрински сајтови“, па би требало сериозно да го сфатите советот, а посебно ако со истиот (вистински или лажен) мејл користите иста лозика на други сајтови, мрежи и онлајн сервиси.Ако посетувате сајтови за возрасни, оние за запознавање и секс преку интернет, би било добро прво да прочитате што се случи, па да проверите дали в