Хакирани организациите водени од Сорос

Стотици документи од групите водени од милијардерот и донатор, либералот Џорџ Сорос, протекоа откако во саботата хакерите ги објавија нивните документи.2576 документи беа објавени од страна на DCLeaks, вебсајт воден од како што тие се нарекуваат, „Американски хак-тивисти кои ги ценат сободата на говорот, човечките права и демократски избраните влади“.
Документите доаѓаат од повеќе оддели на соросовите организации. Групата со најголем број протечени документи е соросовата Open Society Foundations.
Во хакираните фајлови може да се најдат документи од речиси секој регион во светот, документи како „Канцеларијата на Претседателот“, и нешто наречено „SOUK“.
Документите датираат од 2008 до 2016 година. Во јуни, неколку документи на Open Society Foundations беа објавени од страна на DCLeaks, што фондацијата го пријави и во ФБИ.
Во објавените документи има и истражувачки трудови како „Сомалијците во Европските градови“, па се до конкретни документи за грантови и финансиски извештаи.
DCLeaks најпрво објави е-мејлови од генералот на воздушните сили, Филип Бридлов, врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа. Во пораките се гледа вознемиреноста на Бридлов заради колебањето на Обама да делува против руската агресија.
Извори тврдат дека DCLeaks потекнуваат од Русија.
2576 документи беа објавени од страна на DCLeaks, вебсајт воден од како што тие се нарекуваат, „Американски хак-тивисти кои ги ценат сободата

Пронајдете не на следниве мрежи: