Популарниот Хоф, исто така е задоволен од останатите придружни капацитети и услуги, кои вардаровите првотимци ги користат пред и по завршувањето на тренинзите.Нашите играчи, новиот тренинг камп со право го доживуваат и како нивен втор дом. Собите за спиење, кафулето, ресторанот и останатите простории за дневен престој, прават тренинг кампот да наликува на луксузен хотел, каде што фудбалерите се чувствуваат буквално како дома.
„Храната во ресторанот е навистина вкусна и ги содржи сите нутритивни вредности кои ни се потребни. После секој тренинг, повеќе преферираме да јадеме во тренинг кампот, одошто на било кое друго место. Со оглед на тоа што пред секој натпревар во Првата лига имаме карантин, ноќите во пресрет на првенствените битки ги минуваме токму овде, каде што имаме најмирен сон. Собите за спиење се подеднакво удобни како и во сите хотели, во кои досега сме имале прилика да престојуваме. Од сите овие аспект, тренингот кампот на ФК Вардар, воопшто не се разликува од хотелските комплекси со пет ѕвезди“, резимираше Хамбарџумјан.
Неговите позитивни импресии, во целост ги делат и останатите вардарови фудбалери, како и членовите од стручниот штаб. Со цел идентични услови за работа да добијат и талентираните надежи од младинските екипи, во завршна фаза е изградбата на фудбалска акедемија во Градскиот парк. Тоа е уште еден инфраструктурен проект, од кој големи придобивки ќе имаат не само дечињата кои тренираат во нашиот подмладок, туку и целиот македонски фудбал.
Извор: fkvardar.mkНашите играчи, новиот тренинг камп со право го доживуваат и како нивен втор дом. Собите за спиење, кафулето, ресторанот и останатите простории за д