Хан: Договорот од Пржино е жив

Loading...

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, на својот профил на „Твитер“ испрати три пораки во врска со синоќешната одлука на македонското Собрание да го одложи распуштањето за 7 април и да распише предвремени парламентарни избори на 5 јуни оваа година.Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во исто време, покрај Хан, со соопштение излегоа и тројцата пратеници од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои вчера беа во Скопје, и исто како и Хан, побараа да се исполнат сите реформи, вклучително и медиумските, за да има кредибилни избори во Република Македонија.
– Имам добра забелешка на синоќешната одлука на Собранието да ги одложи изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора да останат целосно посветени, да помогнат да се организираат кредибилни избори и да притиснат за реформските приоритети, вклучително и за медиумите. Им благодарам на европратениците Вајгл, Ховит и Кукан, како и на американскито амбасадор Џес Бејли и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка, напиша Хан. Неговата портпаролка Маја Коцијанчич потоа потврди дека тоа е и официјален став на Европската комисија.
Европратениците лиферуваа соопштение преку Комитетот за надворешни рабтои (АФЕТ) на Европскито парламент, во кое наведуваат дека „ја зеле предвид одлуката на мнозинството во Собранието на Република Македонија за да се обезбеди дека договорот од Пржино продолжува и со гласањето да се одржат предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2016 година“.
– Додека ние жалиме за пропуштена можност да се постигне консензус меѓу сите партии, се надеваме дека проблемите што ги имаме како посредници се дискутира денес со сите партии ќе помогнат да се идентификуваат критичните прашања што може да обезбедат основа за постигнување на конечен договор за да се овозможи новите избори да бидат кредибилни, се вели во соопштението на Вајгл, Ховит и Кукан.
Тројцата европратеници, исто така во соопштението ги потсетуваат сите партии и сите луѓе во земјата дека целосното спроведување на политичкиот договор и извршување на приоритетите за итна реформа се од суштинско значење за одржување на позитивна препорака за да се отвори почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
– Не постои скратен пат и нема алтернатива за договорот Пржино и ги повикуваме политичките партии да постигнат консензус за овие реформи, како единствен начин да се обезбеди патот на земјата кон евро-атлантска интеграција и европска перспектива. Како медијатори на Европскиот парламент во овој процес, ги повикуваме политичките лидери да продолжат со својата посветеност на реформите и се надеваме дека нашето присуство денес ја покажува нашата длабока посветеност кон нив, на народот на земјата и нејзината европска иднина, порачуваат Вајгл, Ховит и Кукан.
На крајот од нивното соопштение, пратениците од Европскиот парламент наведуваат дека тие искрено се надеваат дека сите политички партии ќе направат напори да се создадат услови за веродостојни избори.
– Повторуваме дека Европскиот парламент ќе биде присутен за време на изборниот период за поддршка на оваа цел и да обезбеди демократски развој во интерес, најмногу од се, на македонскиот народ, се наведува во соопштението на тројката европратеници.Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во исто време, покрај Хан, со соопштение излегоа и тројцата пратеници од Европскиот парламент, Иво Вајгл

loading...
Loading...