Еврокомесарот Јоханес Хан со игнорантски однос кон медиумските асоцијации пред почетокот на неговата политичка агенда и средбите со лидерите на партиите за разрешница на политичката криза.Македонската асоцијација на новинари МАН, Независниот синдикат на новинари на Македонија НСНМ и Независниот совет за етика НЗС, на Хан пред канцеларијата на ЕУ во Скопје му предадоа извештај за состојбата во медиумскиот сектор во Македонија и му ги пренесоа позициите за подобрување на положбата на новинарите и медиумите.
Овие медиумски асоцијации денеска и лично побараа и средба со еврокомесарот, но неговиот одговор беше ‘’Следниот пат’’.
Претходно претставниците на МАН, НСНМ и Независниот совет за етика остварија куса средба и со европратеникот Иво Вајгл на кого исто така му ги пренесоа своите позиции и ставови.
‘’Oчекуваме променет однос на ЕУ кон граѓанскиот сектор во Македонија бидејќи според сегашната состојба Хан ја наема целосната слика за Македонија туку само еден мал дел информации под контрола на мрежата на СОРОС. Очекуваме Хан и ЕУ да се заложат за осуда на политичкиот прогон од СЈО кон медумите кои Заев ги нарече непријатели и да имаме еднаков третман од меѓународната заедница’’, изјави Ивона Талевска од Македонската асоцијација на новинари.
‘’Очекуваме заложба од меѓународната заедница да престане политичкиот притисок од од партија врз медиумите. Бараме нивен придонес за разрешување на политичката криза’’, смета Мери Ѓорѓиевска од Независниот совет за етика.
‘’Да запре политичкиот прогон и селективното делување врз медиумите,медиумските работници,новинарите,уредниците и сопствениците на медиуми.Претставниците на меѓународната заедница да придонесат ова да не биде причина за загрозување на работните позиции, работничките права и слободата на говор како камен темелник на демократијата и слободатa’’, изјави претседателот на Независниот синдикат на новинари на Македонија, Градимир Марковски.Македонската асоцијација на новинари МАН, Независниот синдикат на новинари на Македонија НСНМ и Независниот совет за етика НЗС, на Хан пред канцела