Потребно е повеќе време за договор, а партиите треба да продолжат со разговори и да ја покажат својата демократска зрелост, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред заминување од земјава. Хан очекува одлуката која во следниот период ќе ја донесат партиите да биде во интерес на граѓаните и европската перспектива на Македонија. Очигледно ќе биде потребно уште време. Тие ќе продолжат со преговори и очекувам да донесат одлука во интерес на земјата на граѓаните и европската перспектива. Европската унија ќе стори се за да и помогне на земјата и на раководството на земјата. Станува збор за квалитет, а не за брзина. Тие треба да продолжат со преговорите, да ја демонстрираат нивната демократска зрелост, да имаат одлична програма која ќе се базира на договорот од Пржино и посветеноста на европерспективите. Ако тоа се постигне, јас сум уверен во иднината на земјата, рече Хан.
Хан утрово се сретна и со шефот на државата Ѓорѓе Иванов. Како што информираат од кабинетот на претседателот, на оваа средба биле разгледани сите можности за што поскоро ставање крај на политичката криза, што е клучно за земјава да може да се посвети на европските реформи. Иванов посочил дека од новата Влада очекува да се фокусира на заштита на националните интереси преку зачувување на унитарноста на Македонија и системска реформа на националната безбедност.
Претседателот Иванов уште еднаш укажа дека нестабилноста во политичкиот живот и тензичноста во меѓуетничките односи се последица на предолгата статус-кво состојба на Република Македонија и побара поактивен ангажман и поддршка од комесарот Хан. Комесарот Хан истакна дека постои зголемена свест меѓу државите членки на ЕУ за неопходноста од деблокада на интеграциите и за таа цел е потребно формирање на Влада посветена на европските интеграции, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
По средбата на Хан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски која заврши доцна синоќа, од партијата информираат дека еврокомесарот бил детално запознаен со нивните ставови за Законот за употребата на јазиците, работењето на Специјалното обвинителство и ставот на ВМРО-ДПМНЕ за платформата на албанските партии и ризикот оваа платформа да биде искористена за репреговарање на Охридскиот рамковен договор.
На средбата со Груевски, Хан потенцирал дека ниту тој ниту Европската унија немаат намера да се мешаат во внатрешната политика на земјава, ниту во однос на тоа кој со кого ќе преговара за коалицирање и состав на новата Влада.
Хан вчера оствари средби и лидерите на останатите 5 политички партии кои освоја пратенички места на изборите во декемри. Нивниот заеднички став е дека Европсаката унија останува голем пријател на Македонија и очекува брзо решавање на политичката криза.Очигледно ќе биде потребно уште време. Тие ќе продолжат со преговори и очекувам да донесат одлука во интерес на земјата на граѓаните и европската п