Европската комисија денеска лиферуваше соопштение во кое и официјално ја потврдува утрешната посета на Република Македонија од страна на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јави МИА.Во соопштението, неформалната Влада на Европската унија посочува дека Хан во текот на утрешниот ден ќе има средби со претставниците на четирите најголеми политички партии кои се потпишаа на политичкиот договор постигнат минатиот јуни и јули.
– Комесарот Хан ќе ја повтори нивната одговорност за спроведување на нивниот договор, вклучувајќи ја и потребата да се обезбедат услови за веродостојни избори, во согласност со роковите што тие ги усогласија, се вели во соопштението на Еврокомисијата.
ЕК посочува дека „комесарот Хан, исто така, ќе потсети на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети што Комисијата ги издаде за Македонија”, на што македонските политички лидери, според Брисел, исто така се обврзаа.
Во однос на неговата посета, Јоханес Хан испрати и изјава во кој порачува:
– Утрешниот 15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека останатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи и им на изборните власти да организираат веродостојни избори според договорената временска рамка, порачува Хан.
Освен со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, еврокомесарот Хан не се очекува да има други средби во рамки на неговата утрешна посета на Република Македонија.Во соопштението, неформалната Влада на Европската унија посочува дека Хан во текот на утрешниот ден ќе има средби со претставниците на четирите нај