Хан задоволен од средбите со Димитриев, Јанева, Ахмети и Тачи

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан кој денеска престојува во Скопје, претпладнево се сретна со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на ДПА и ДУИ Мендух Тачи и Али Ахмети, а попладне ќе разговара и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.Еврокомесарот Хан по средбите не даде изјави, но на Твитер напиша дека со Ахмети и со Тачи имал добри и успешни средби и оти разговарале за условите за одржување кредибилни зибори и за меѓуетничките односи.
Лидерот на ДУИ Ахмети по средбата со еврокомесарот Хан рече дека се согласиле оти постигнатите договори треба да се почитуваат од сите и дека тоа е клучно за одржување фер и демократски избори.
Изјава за медиумите по средбата со Хан даде и лидерот на ДПА Мендух Тачи. Информира дека разговарале за изборите закажани на 11 декември и дали се исполнети условите за нивно одржување.
– Мојот став е дека дел од условите за изборите се исполнети. Но, кога ќе се објават официјалните резултати, ако има еден факт што потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги повториле работите од минатите избори, ние ќе ги прогласиме за невалидни и нема да ги признаеме, изјави Тачи.
Хан имаше средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа по состанокот кусо рече дека разговарале за работата на СЈО, без да даде повеќе детали. Негира дека на средбата станало збор и за евентуално формирање специјално судско одделение. За средбата со Јанева Хан на Твитер објави дека го брифирала за работата на СЈО и оти функционирањето на оваа институција е важно за натамошното зацврстување на владеењето на правото.
Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, претходно се сретна и со претставници на граѓанското општество.
Детали за денешните разговори во Скопје, како што е најавено, ервокомесарот Хан ќе соопшти на прес-конференција закажана во 14 часот во ЕУ Инфо центарот.
Целта на посетата, како што соопштија од Европската комисија, е „да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирањето на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети“.
Вчера, еврокомесарот Хан испрати порака дека е „важно условите за одржување на веродостојни избори да бидат исполнети“.
– Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е условите на веродостојни избори да се целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на нив, вели комесарот Хан.Еврокомесарот Хан по средбите не даде изјави, но на Твитер напиша дека со Ахмети и со Тачи имал добри и успешни средби и оти разговарале за условит

Пронајдете не на следниве мрежи: