Хаос на фестивалот Мердита во Белград: Прекинат скандалозен перформанс во кој српски војник силува Албанка

Членовите на српскиот собир Заветници, го прекинаа  концертот  во Домот на млади во Белград, на фестивалот  „Мердита -. Добар ден“.Неколку членови на Заветници беа успеале да влезат во салата  во која  траел перформансот кој  алудира на силување на Албанка  од српски војник и  го искажеле својот протест  поради  големоалбанската пропаганда во Белград.
Заветниците  го искажале својот протест  пеејќи  ги песните за Косово и Метохија, држејќи слики   на  злосторници  на ОВК и  скандирале „Косово  е срцето на Србија“ по  што перформансот бил прекинат, а организаторите  и  гостите  се повлекле во  другиот  дел на Домот  на млади.
Потпаролот на Заветници, Милица Ѓурѓевиќ  рекла дека  не недозволиво  во   центарот на Белград да се  одржува промоција на „непостоечката автохтона косовска култура“ и  дека единствената културна трага која албанците ја оставиле  на Косово  се срушените српски  светости.
Таа потсетила дека Албанците сакаат  да им го одземат  културното  наследство на Србите на Косово и  Метохија и  дека    фестивалот  е во   склоп на  таа албанска стратегија.
„Сметаме дека е недопустливо  во  центарот на градот   по 4 пат  да се организира фестивалот „Мердита- добар ден“ кој има за цел промоција на независно Косово и  претставување на некаква автохтона косовска култура, која не постои, ниту  пак некогаш постоела.
На списокот  најголеми спонзори  на овој  фестивал се наоѓаат  највлијателните  гранки на  атлантски  центри на балканот, меѓу кои: Фондацијата на браќата Рокфелер, амбасадата на САД и  Норвешка, Косовската фондација за отворено општество, па дури и  Министерството  за култура, младина и  спорт и  слично. Самите организатори се познати по  изразено антисрпските  ставови и   антиуставно делување“, рекла таа.
Таа ги повикала  државните  органи  да го  спречат  доаѓањето на Атифета Јахјага
„Го  повикуваме  државното раководство да го  откаже гостопримството   на  јахјага, бидејќи нејзиното  доаѓање ќе значи понижување  на сите жртви на српскиот народ, достоинството  на сите граѓани на Србија, но и  деградација на нашиот  државен  суверенитет и интегритет. За Заветниците  нејзиното доаѓање  е апсолутно неприфатливо   и ние  ќе се бориме со сите легални и легитимни  средства за да спречиме такво нешто“.
Ѓурѓевиќ   укажала на  дека изложбата  е насочена  и на прикажување   на наводни српски  злодела над албанците на Косово додка  во потполност   ги игнорираат српските жртви.
Неколку членови на Заветници беа успеале да влезат во салата  во која  траел перформансот кој  алудира на силување на Албанка 

Пронајдете не на следниве мрежи: