Белграѓанецот Милан М., сакал да приреди веселба за соседите на тревната површина во Блок 64, но некој се жалел на бучава и полицијата го прекинала славењето.Кога невестата пристигнала со семејството на закажаната локација, го затекнала само расплаканиот младоженец, се налутила и рекла дека повеќе не сака да слушне за него.
„Сакав со сите да ја споделам мојата среќа. Затоа организирав свадбена церемонија на тревната површина во Блок 64 на Нов Белград и ги повикав соседите да дојдат. Им забранив дури и да донесат подароци. Сакав сите да се опуштиме и убаво да си поминеме, да ја усреќам саканата којашто ја чекав цел живот“ – изјавил Милан за српски Курир и додал дека сѐ пропаднало за една вечер.
Според пишувањата на тамошните медиуми, свадбата почнала во саботата навечер, а за еден час дошле неколку стотици луѓе. Имало храна и пијалаци во огромни количини, свирела музика. Сѐ било како што треба и сите го очекувале доаѓањето на невестата.
„Полицијата дојде по некоја пријава за бучава. Тоа го стори некој злонамерен, за да ја расипа мојата среќа. Комуналната полиција ми напиша казна, ја забрани свадбата и ги избрка соседите“ – изјавил очајниот младоженец.
За работите да бидат полоши, невестата пристигнала по полицијата и ја дочекал хаос.
„Се откажа од сѐ. Не сака повеќе да ме види, ниту пак да слушне за мене. Страшно е посрамена“ – заклучил тој.Кога невестата пристигнала со семејството на закажаната локација, го затекнала само расплаканиот младоженец, се налутила и рекла дека повеќе не сак


