Бројни туристи кои планираат да летуваат во Црна Гора, изгледа ќе имаат големи проблеми бидејќи локалните медиуми пипуваат дека во морето се влеваат фекалии од канализациски цевки, а дека смрдеата насекаде се чувствува.Од петровачката невладина организација Туристичка амбасада, предупредија уште во март дека фекалии и понатаму непречено се излеваат во морето, а во пристаништето се шири неподнослив мирис.
Претседателот Жарко Јокановиќ, тогаш изјави дека под итно бараат проблемот да се реши, бидејќи сезоната само што не почнала.
„Канализациските цевки кои нестручно и неадекватно се поставени пред пет години во пристаништето, во последните две години испуштаат содржина во акваториумот. Неподносливиот мирис и фекалиите во летните денови оставаат грда слика на еден поранешен бисер на Јадранот, каков што беше Петровац“ – предупреди Јокановиќ.
Да потсетиме, минатата година во Херцег Нови имаше проблем со фекалии, бидејќи морето често нанесуваше измет. Иако не можеше да се види со голо око (бидејќи брановите и солта го разбија), се чувствуваше неподнослива миризба. Многу туристи завршиле во болница на инфузија поради силен вирус што се манифестираше низ повраќање и дијареја.Од петровачката невладина организација Туристичка амбасада, предупредија уште во март дека фекалии и понатаму непречено се излеваат во морето, а во