ХАОС ВО ГРЦИЈА: Мигрантите направија масовна тепачка и почнаа да уништуваат, бидејќи Грција не им дава ниту леб да јадат!

Помеѓу мигрантите на грчкиот остров Кос изби општа тепачка додека локалната власт се мачи да ги смести сите бегалци кои илегално пристигнуваат со гумени чамци од блискиот турски брег.Многу од мигрантите кампуваат во парковите и плоштадите на главниот град на Кос, кој е популарна туристичка дестинација.Обидот мигрантите да се преселат на стадионот поради нивна регистрација пропадна бидејќи започна тепачка кога 1500 луѓе се собраа на стадионот.Полицијата се обидувала да ја преземе контролата додека незадоволните мигранти ги блокирале патиштата.
Мигрантите барале регистрацијата да почне брзо, блокирајќи го главниот пат со извици „Сакаме документи, сакаме да јадеме“. По сто лица во просек на ден пристигнуваат на источните егејски острови, а станува збор за луѓе кои бегаат од борбите во Сирија и Авганистан. Власта, локалното население и хуманитарните организации се борат да се обезбеди регистрација, храна и засолниште за новопристигнатите бегалци, меѓу кои има и многу деца.

 
На стадионот на кој биле присутни само неколку полицајци кои ја изведуваа регистрацијата се обиделе да воведат ред во масата со прскање од апарати за гаснење пожар и со пендереци. Над стотина луѓе во паника почнале да бегаат. Слични протести и судири се случија последните неколку недели на неколку острови кои се на удар на мигрантите, вклучувајќи го и Лезбос.

Грчката крајбрежна стража спасила 329 мигранти во седум одвоени претраги во текот на 24 часа, долж брегот на Лезбос и Кос.  
 
Грчката полиција соопшти дека до денеска уапсени се 156.726 мигранти поради нелегалниот влез и престој во земјата, што е огромен раст во однос на 32.070,колку што беа во истиот период лани.
Извор: Infomax.mkОбидот мигрантите да се преселат на стадионот поради нивна регистрација пропадна бидејќи започна тепачка кога 1500 луѓе се собраа на стадионот.Поли

Пронајдете не на следниве мрежи: