Специјални полициски сили, пожарникари и ветеринарни експерти се обидуваат денеска да ги фатат мажјакот слон и неговата партнерка кои што десетина минути пред полноќ избегале од градската золошка градина јавува новинарската агенција DONA.Слоновите избегале откако предходно ја прескокнале оградата во знак на незадоволство од вечерата која што им била обезбедена од управата на золошката.
Полицијата засега не дава детали за инцидентот.
Според извори во „ЗГ Скопје“ мажјакот кој вработените го нарекуваат Барон кој вообичаено е мирен најпрвин ја урнал оградата од делот предвиден за живот на слоновите а потоа ја прескокнал и големата ограда по што преку градскиот парк се упатиле кон хотелот Александар Палас каде деновиве се одржуваат Циркуски претстави.
Заедно со Барон избегала и женката Јулија додека десетмесечното слонче Џамбо не сакало да замине и останало во золошката градина.
Се претпоставува дека слоновите преку сетилата за мирис почувствувале дека во близина има други слонови и сакале да им се придржужат.
Откако силни полициски и ветеринарни сили на влезот на паркот кај кафеанат Меана Б ги спречиле да дојдат до циркусот „Балкански“ слоновите го минале Вардар кај Влае и продолжиле кон Ѓорче Петров.
Полицијата на помош ја повикала и Армијата на Република Македонија а понуда за помош е добиена и од силите на НАТО на Косово.
Извор: republika.mkСлоновите избегале откако предходно ја прескокнале оградата во знак на незадоволство од вечерата која што им била обезбедена од управата на золошка