Вчера во 14.15 часот во Основното јавно обвинителство-Струга од страна на полициски службеници од ПС ОН-Струга бил спроведен А.Ќ. (56) од с.Лабуништа, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда врз неговата сопруга Р.Ќ..Околу 15.30 часот во канцеларијата на Јавниот обвинител настанала вербална расправија меѓу сопружниците и нивниот син Ј.Ќ., по што истиот скршил стаклена чаша што ја држел в рака.
Јавниот обвинител побарал А.Ќ. да го изведат надвор од канцеларијата, на што тој се противел и одбивал да излезе давајќи активен отпор. Почнал да замавнува со рацете удрајќи полициски службеник во пределот на левата рака и му ја скинал службената маица. При обид да го приведат, А.Ќ. со раце за врат фатил друг полициски службеник и почнал да го дави, по што и нему му ја скинал маицата. По кратко време бил совладан.
А.Ќ. е лишен од слобода и бил задржан во СВР-Охрид за понатамошна постапка.Околу 15.30 часот во канцеларијата на Јавниот обвинител настанала вербална расправија меѓу сопруж