Македонија да ги започне преговорите со Европската унија што е можно поскоро побара известувачот за земјава во европскиот парламент Иво Вајгл од своите колеги во Брисел. Словенечкиот европратеник во својата резолуција вели дека земјава е подготвена за активни преговори, а за тоа сведочат извештаите на Европската комисија.За голем дел од европратениците, извештајот на Вајгл е реален и покажува чувствителност кон проблемите со кои се соочува Македонија. Словенечкиот европратеник побара од известувачот Вајгл да направи поголем притисок кон институциите на Европската унија.
– Отворање на пристапните преговори ќе го придвижи решавањето на отворените прашања. како ко претседавач со мешовитиот парламентарен комитет за односи со Македонија, жалам што македонскиот парламент не работи во својот нормален опсег и во ноември минатата година во Стразбур имавме добар работен состанок, истакна Петерле.
За хендикепот со кои се соочува Македонија говори и британскиот европратеник Ричард Ховит. Поранешниот известувач за Македонија жали што европскиот совет не ги прифаќа документите на Европскиот парламент и Европската комисија.
– Срамно е и ние сме единствена ЕУ институција која се обидува да го реши ова прашање поврзано со името, кое сега се користи во политички цели и предизвик е да најдеме консензус или ситуацијата ќе оди на полошо, вели Ховит.
Грчките европратеници синхронизирано со колегите од Кипар се обидоа да ја нападнат Македонија дека таа е виновна што проблемот со името не може да се реши.
– Има проблеми и да се реши прашањето името, Македонија нема да може веднаш да почне да преговара. А за прашањето за името, Јорк не е исто што и Њујорк и работите не се идентични, треба да се проучи историјата, да се читаат Аристотел и Платон и да се види што се случило во првата и втората светска војна, како и што се случило во регионот поврзано со Тито, вели Елени Теохару.
На ова реагираше шпанскиот европратеник од редовите на Европските либерали, Хавиер Нарт, тој посочи дека е патетично што во Европа се соочуваат со вакви прашања „каде се става вето на едно подрачје кое историски е секогаш познато како Македонија”.
– Имаме смешно име ПЈР Македонија, што е неприфатливо. Се става вето поради име кое историски и припаѓа на оваа земја. Во Шпанија и Франција има подрачја Русион и никој ова прашање за име во Шпанија или во Франција не спори за тоа. Слушаме смешни приказни дали сонцето да биде присутно на знаме или не и тоа се повеќе психолошки, отколку историски прашања. Ако границите се признати и земјата нема територијални претензии, како може девет пати да ја блокираме Македонија!? Тоа е преседан кој ситуацијата уште повеќе ќе ја комплицира. Повикувам да бидеме разумни, реплицираше Шпанецот Нарт.
Во меѓувреме во Македонија амбасадорот на Летонија Алберт Сарканис ги презентираше приоритетите на неговата земја како претседавач со Унијата. Сарканис вели дека е запознат со проблемот и вели потребно е повеќе енергија и идеи за негово решавање и работа на билатерален план не само на ниво на влади, туку и на ниво на граѓански општества, на научници историчари кои треба да дојдат до заеднички решенија.За голем дел од европратениците, извештајот на Вајгл е реален и покажува чувствителност кон проблемите со кои се соочува Македонија. Словенечкиот е