Хеликоптер отвори оган врз цивили во Украина, петмина се ранети

Народната милиција изјави дека не беше пукано директно од хеликоптерот, туку дека повредените настрадале од одбиени куршуми.Силите на самоодбрана во Крематорск денеска соопштија дека воениот хеликоптер кој ја надлетуваше колоната на оклопните возила на украинската армија, отворил оган врз цивилите, меѓу кои најмногу има петмина ранети.
На снимките што се појавија во руските медиуми се гледаат „Мигови“ кои летаат над патот на кој се наоѓа колона на возила и војници помешани со цивили. Според извештајот на Интерфакс, колоната на борбените возила успешно го заземала аеродромот.
Од народната милиција изјавија дека војниците во борбената колона изразиле желба да се предадат, но дека очигледно им стигнала некоја друга наредба и започнале да се пробиваат кон аеродромот, додека хеликоптерот ги штител во позадина.Силите на самоодбрана во Крематорск денеска соопштија дека воениот хеликоптер кој ја надлетуваше колоната на оклопните возила на украинската армија

Пронајдете не на следниве мрежи: