Синоќа врз кафуле во центарот на Глазгов, во кое имало повеќе од 120 лица се урна полициски хеликоптер. Се стравува дека најмалку три лица загинале.Спасувачката акција траеше цела ноќ, голем број лица се уште се под урнатините, а официјалните власти засега зборуваат за „голем број повредени“, без соопштување детали.
– Имајќи предвид масовноста на настанот, треба да сме подготвени за евентуални жртви, изјави шкотскиот прв министер Алекс Салмонд.
Хеликоптерот, во кој биле цивилен пилот и двајца полицајци, се урна на покривот на пабот „Клута волтс“ во 22 часот и 25 минути, по локално време, во моментот кога пред преполната сала настапувал бенд.
Би-Би-Си јавува дека спасувачките служби околу зградата поставиле барикади и „методично пристапуваат кон акцијата на спасување“, бидејќи се проценува дека урнатиот дел е небезбеден и постои можност да се урнат ѕидовите.
Во акцијата учествуваат околу 125 пожарникари од специјалистичките тимови за спасување и десетици полицајци и лекари, како и кучиња трагачи, а тој дел од градот од синоќа е отсечен.
– Воспоставивме контакт со некои луѓе во урнатините, но не е безбедно ако одлучиме веднаш да им пријдеме. Во моментов се обидуваме да го обезбедиме приодот. Сакаме урнатините да бида максимално стабилни, бидејќи е многу опасно. Тешко е да се каже уште колку луѓе се долу, изјави синоќа еден од водачите на спасувачките тимови.
Тој дополни дека луѓето во пабот многу добро се организирале кога дошло до несреќата и оти веднаш е формиран „човечки синџир“, кој помогнал во првите моменти.
Според изјавите на очевидци, хеликоптерот врз објектот паднал „како камен“, а луѓето кои успеале да излезат од зградата после несреќата биле прекриени со прав и крв.
Оние со полесни повреди се префрлени во импровизираната болница во блискиот хотел, додека оние со потешки повреди веднаш се транспортирани во болница. Болнички извори наведуваат дека хоспитализирани се девет лица.
По повод инцидентот се огласи и британскиот премиер Дејвид Камерон кој на Твитер напиша: Моите мисли се со сите оние кои се погодени со паѓањето на хеликптерот во Глазгов.
Спасувачката акција траеше цела ноќ, голем број лица се уште се под урнатините, а официјалните власти засега зборуваат за „голем број повреде