Хелмут Шмит: Третата светска војна ќе почне исто како што почна во 1914!

Бившиот германски канцелар Хелмут Шмит ја споредил денешната украинска криза со летот во 1914 година и ги предупредил „актерите“ на најновите случувања, Америка, Русија и Европската унија на опасност од трета светска војна.Европа, Американците но исто така и Русите се однесуваат исто како што авторот Кристофер Кларк во својата книга вредна за читање  во почетокот на Првата светска војна ги опишал како Месечари- ијавил Шмит во интервју  за  „Bild“-u.
Тој ја критикувал Европската комисија дека премногу се меша во светската политика и дека поголем број од комесарите едвај и се разбираат.
Шмит нагласува дека сегашната ситуација во Украина се повеќе може да се спореди со ситуацијата во Европа во летото 1914 година и предупредува дека опасноста на ситуацијата , исто како и во август 1914 година расте ден за ден.
Исто така ја критикувал и ЕУ поради нејзиното недоразбирање за асоцијацијата со Украина.

„Она што ни е нам потребно е средба, по примерот на Конференцијата за сигурност и соработка во 1975 година во „Хелсинки“- рекол Шмит и го поддржал шефот на германската дипломатија  Франк Валтер Штанмајер во неговите активности за една мировна конференеција во Украина.
„За сега нажалост нема никој со конструктивни решенија за Украина“- рекол Шмит и додал дека на европскиот парламент му е потребна значителна моќ во однос спрема бирократијата во Брисел.
Бившиот германски канцелар без оглед на годините и понатаму се појавува во германската јавност и го дава своето мислење на актуелни теми а неговиот збор се почитува и кога критикува и кога фали.Европа, Американците но исто така и Русите се однесуваат исто како што авторот Кристофер Кларк во својата книга вредна за читање  во почетокот

Пронајдете не на следниве мрежи: