Финската престолнина планира до 2025 година да ја трансформира постоечката мрежа на градски превоз во иновативен систем кој на граѓаните ќе им нуди низа пристапни и флексибилни решенија и ќе ги направи автомобилите потполно излишни во градот.Проектот, кој неодамна го претставиле претставници од Хелсинки, би можел да инспирира и други големи градови кои се соочуваат со големи сообраќајни проблеми.
Со планот е предвидено обединување на сите јавни превозни средства.
Корисниците на услугите ќе можат да изберат дестинација, да дознаат на кој начин можат најлесно да стигнат и да платат за возењето, се по пат на мобилна апликација.
Принципот е едноставен: потребно е само да ја внесете адресата на тргање и пристигнување и да изберете превозно средство. Апликацијата за која иницијаторите тврдат дека ќе биде лесна за употреба, ќе функионира како планер за патување и универзална платформа која ќе ги поврзува сите опции на превоз.Проектот, кој неодамна го претставиле претставници од Хелсинки, би можел да инспирира и други големи градови кои се соочуваат со големи сообраќајни