Античкиот град Хераклеја Синтика е сместен во земјата на с.Рупите, општина Петрич (врз јужната падина на вулканската возвишение Кожув). Александар Македонски тука ја започнал воената и административната кариера како гувернер на градот, кога неговиот татко тргнал на поход за освојување на Византион. Отука градот е познат како “град на македонските кралеви”.Хераклеја Синтика е древен македонски град кој се наоѓа на југозападното подножје на вуланскиот рид Кожув, кај Петричкото село Рупите, Пиринска Македонија. Овој град кај средниот тек на реката Струма го носи името на митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади. Градот бил центар на пајонското племе Синти, поради што градот се нарекува Хераклеја Синтика. .
Долго време се сметало дека тука се наоѓа градот Петра (други Ортолос или Тристолос), се до 2002 година кога е откриен латински натпис на мермерна стела од 308 година. Набргу потоа е откриен уште еден натпис кој целосно потврдува дека се работи за Хераклеја Синтика. Се работи за писмо на императорот Галериј и цезарот Максимиан Дае, со кое тие се обраќаат до Хераклејци, како одговор на нивната молба за враќање на на изгубените градски права.
Се претпоставува дека градот е основан во последната четвртина на IV век пр.н.е. По завладувањето на Филип II Македонски со овој дел биле изградени повеќе градови. Ово тренд продолжува и во времето на Александар III Македонски и Касандар. Александар Македонски тука ја започнал воената и административната кариера како гувернер на градот, кога неговиот татко тргнал на поход за освојување на Византион. Затоа и градот е познат како “град на македонските кралеви”, но и како „Македонска Парорбелија“ (Подгорје).
За прв пат градот се спомнува од Тит Ливиј кој истакнува дека тој се наоѓа во племенската територија на Синтите – „Heraclea ex Sintis“. На друго место, објаснувајќи за поделбата на Македонија на четири дела во 167 г.пр.Хр., тој забележува дека во првата се вклучувала „ … од кај запад отаде Стримон – цела Бисалтија со Хераклеја, која ја нарекуваат Синтике”. Ова информација ја поткрепува и Диодор, кој ја “поставува” Хераклеја во Синтика – западно од Стримон и “над Бисалтите”.
Пророчицата Ванѓа, уште додека била жива тврдела дека во градот до Кожув бил убие кралски син. Долго време се сметало дека тоа не вистина се додека не се потврдило дека градот под Кожув не е Петра туку Хераклеја Синтика. А токму Тит Ливиј раскажува за убиството на Деметриј, синот на Филип V, кое е извршено во Хераклеја Синтика.од македонскиот управител на Пајонија Дида, а оганизирано од неговиот полубрат Персеј.
По смрта на кралот Филип V, Персеј го наследува престолот и тој е последниот македонски крал од донастијата на Антагонидите, кој управува со Хераклеја Синтика. По победата на Рим во 168 г.пр. н.е. кај Пидна, Македонија е поделена на 4 мериди. Хераклеја Синтика ќе стане дел од Првата област на Македонија со главен град Амфипол, а од 148 г.пр.н.е. дел провинција Македонија. За градот бил карактеристичен култот кон божицата Артемида, а почитувани биле Нике, Хермес и Силен. На залезот, населението се префрла во античкиот град кај Сандански.
Хераклеја Синтика, градот на македонските кралеви, каде доаѓал Филип II да лови лавови, каде Александар започнал со својата воена и административна кариера, градот во кој бил убиен Деметриј, синот на Филип V, опстојувал 1.000 години. Престолнината на Средна Струма била разорена од земјотрес во 338 – 388 година, но населението останало тука да живее до VI век.
Последните истражувања се импресивни. Откриена е Граѓанска базилика која функционирала до III век. Во неа заседавале градските челници. Инаку во градот имало самоуправување и тоа две нивоа. Во народното собрание учествувале само мажи кои имале граѓански права, а одделно работел градскиот совет (“боле“). Луѓето од народното собрание за да влезат во советот плаѓале 500 денари годишна давачка, што е околу две годишни плати на римски војник. Од градските совети потоа биле избирани судиите.
Уште скопувањата во 2007 година откриваат урбана инфраструктура, занаетчиска работилница, улици и скали. Отворена е и работилница за антички маски и фигури, како и калапи за нив. Во неа се правеле и различни статуетки – на бог Дионис, наменети за декорација, што го олеснува датирањето на работилницата на II – IV век. Тука имало четири пожарот поврзувани со класични готски инвазии и активностите на воените императори за време на кризата во Римската империја. Првиот напад е во 248 година, вториот – во 268 година, кога Готите се разбиени од императорот Клаудиј Втори Готски, третото – во крајот на III, век и четвртиот – на почетокот на IV век.
Последното откритие е корито на фонтана со три лавовски глави од кои течела вода, а едната глава е откорната. Главите на лавовите (машка и женска глава) се импресивни, а само горниот дел од фонтаната тежи три тона, а димензиите се 2,5 на 1,5 метри.
Инаку месноста Рупите е популаризирана и од бугарската пророчица Ванѓа. Тука таа живеела и примала посетители. Кога ја прашале зошто го избрала да живее во ова место, таа одговарала: “Имам одредено време колку да стојам тука. Ова место тука е многу особено. Служи ми како акумулатор и од него јас црпам енергија и сила. Некогаш тука е горел страшен оган, а овој срт над нас крие една голема тајна. ”
Овој срт кои го споменува македонката Ванѓа, всушност е планината Кожув. Во 1962 година е месноста е прогласена за природна атракција поради вулканскиот потекло и присуството на ретки и заштитени растителни и животински видови. Рупите се познати и со лековита минералната вода. Според Ванѓа оваа планина е клуч за разоткривање на минатото. Таа тврдела дека таму каде е кратерот, во древноста имало голем град, кој бил закопан под огнената лава. Жителите биле високи и крупни, облечени во тенка и сјајна облека слична на станиол и биле многу образовани. Во антиката во регионот имало три големи храма – “Света Петка”, “Света Богородица” и “Свети Панталејмон”. Според пророчицата нејзината куќа била во центарот, кој поврзувал трите древни светилишта. Хераклеја Синтика е древен македонски град кој се наоѓа на југозападното подножје на вуланскиот рид Кожув, кај Петричкото село Рупите, Пиринска Мак