Херитиџ: Македонија прва на Балканот според економските слободи

Македонија е најдобропласирана од балканските држави на годинешниот извештај за економски слободи на фондацијата Херитиџ и весникот Вол Стрит Журнал, и 47-ма во светот. 
Извештајот, кој ја оценува економската слобода во 186 држави, покажа дека Македонија има најдобри резултати во својата даночна политика, стабилноста на валутата и отвореноста за трговија со странство, додека најлошите оценки се бележат во заштитата на приватната сопственост и перцепцијата на корумпираност во редовите на полицијата, судството, образованието и здравството. Македонија беше пласирана на 43 место на минатогодишниот индекс, а напредокот го бележи од 2009 година, кога беше на 78 место.
“Македонската транзиција кон по-отворен и флексибилен економски систем доаѓа по 10 годишен период во кој беа извршени значителни економски реформи. Макроекономската стабилност е на релативно високо ниво, а со воведувањето на конкурентни рамни даночни стапки и отворен модел на трговија, се поттикна развојот на претприемништвото”, пишува во извештајот.
Извештајот ги оценува државите според четири категории – владеење на правото, ограничување на државниот сектор, регулаторна ефикасност и отвореност на трговијата. Од балканските земји, Албанија и Бугарија се на 59 и 60 место, Црна Гора е 65, Србија е 77, додека Грција за која се оценува дека се неопходни храбри чекори за земјата да се врати на вистинскиот пат по долготрајната економска криза, е на далечното 138 место. Во споредба со сите држави од Европа, Македонија е на 22 место.
Во глобални рамки, Хонг Конг и Сингапур се на првите две места, следени од Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија. Британија е десетта, САД 11, а Германија на 17 место. Дното на табелата е резервирано за Зимбабве, Венецуела, Куба, и Северна Кореја како држава која убедливо најмалку толерира економски слободи.
  
Извештајот, кој ја оценува економската слобода во 186 држави, покажа дека Македонија има најдобри резултати во својата даночна полит

Пронајдете не на следниве мрежи: