ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ – МЛЕКО (1980 – †28.06.2001)Оливер Китановски (Башино Село, Велес, 1980 – Арачиново, Скопско, 28 јуни 2001) бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Тешко ранет е од граната на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново. По пет дена во шок соба умира Оливер во скопските клиники.За Оливер голем животен предизвик беше на 21 годишна возраст да застане на одбрана на придобивките на независноста на својата земја. На локацијата крај селските гробишта меѓу Брњарци и Арачиново, недалеку од Скопје во рововите ја извршуваше достоинствено поставената задача. Во воениот конфликт уште на самиот почеток учествувал во акцијата за ослободување на Тетовското Кале, но исто така и во помали битки на Шар Планина против качачките банди.
Луѓето на него се сеќаваат како на грамада високо стројно, убаво градено момче со решителен и праведен карактер. Прекарот му бил Орце Млекото поради тоа што бил плав. Во слободно време Оливер често се занимавал со рибарство. Китановски, иако најмлад во водот, доброволно се пријавил да учествува во првите борбени редови во битката за Арачиново. Оливер според неговите соборци „тие денови не оставаше никој да биде пред него. Цело време беше пред нас, јуначки водеше битка – гради в' гради со непријателот.При акцијата, која ЕСЗ Тигар ја започна западно од Арачиново во Брњарци, кај селските гробишта е погоден од армиска граната заедно со Атанас Јанев, Александар Стојчев и Никола Пехчевски, кои на лице место загинуваат.
Напредувањето на ЕСЗ Тигар не беше известено, и кога се нашле на поранешна непријателска позиција биле погодени од армиска граната. Се води како несреќен случај и нема виновни. Некоординираноста помеѓу АРМ и МВР е причината. За разлика од другите тројца бранители, Оливер тешко ранет преживува и е однесен во скопските клиники, каде е вештачки одржан на живот со апарати. При експлозијата пола глава му била разнесена, односно тилот му фалел. Јуначкото срце чукало, но кобни беа повредите на главата. Тој бил во истата шок соба заедно генералот Стојанче Ангелов кој бил исто така повреден при акцијата за ослободување на Арачиново. Пет дена подоцна Оливер Китановски подлегна на тешките рани со кои се здоби.
Денес, во Башино Село има три улици од кои една се вика Оливер Китановски. Исто улицата Прва Комуна во Велес е прекрстена по него. Сред село има споменик во негова чест. Погребан е кај селските гробишта во родното Башино Село. Кога се поминува тунелот пред Велес на автопатот „Александар Македонски“, кај Башино село, лево на ридот се вее јарбол над неговото почивалиште, кое потсетува на ликот и делото на Оливер Китановски.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!За Оливер голем животен предизвик беше на 21 годишна возраст да застане на одбрана на придобивките на независноста на својата земја. На локацијата