ХЕРОЈ среде МАСАКАРОТ во Тунис: Со своето тело ја заштитил вереницата и изрешетан ѝ шепнал трогателни зборови

Метју Џејмс (30) се фрлил да ја заштити својата вереница за време на масакарот во Тунис а откако бил погоден три пати сега се бори за живот.Метју со својата вереница  заминал на плажа и кога почнало пукањето тие се сончале.
Кога ја сфатил опасноста Метју со своето тело ја заштитил вереницата Сара Вилсон. Примил три куршуми во телото. Додека лежел покрај неа со последни сили  ѝ рекол: „бегај, кажи им на децата дека тато многу ги сака“.
Вислон  има едно дете од врската со Метју а едно од претходниот брак но тој го прифатил како свое.
„Буквално прими куршум наместо мене. Му го должам животот. Беше сиот во крв но ми велеше да се спасам“, рекла Сара за Дејли Меил.
Сара морала да мисли на децата Тиган (6) и Кејден  стар само 14 месеци. Тие останале во Кардиф.
“Трчав покрај телата на плажата за да стигнам до хотелот. Беше вистински хаос. Во хотелскиот базен имаше тело, водата беше поцрвенета од крв“.

 
Сара трчала кон хотелот и успеала да се сокрие надвор во оставата за крпи.
„Излегов да дознаам што се случило со Метју но никој  не беше тука за да ми помогне. Никој не заеше англиски. Не знаев дали е жив или мртов. Одев од чаршав до чаршав за да видам дали е мртов. По два часа некој ми даде телефон и ми рече ‘на линија имам еден вознемирен тип кој  одбива да стори било што  пред да разговара со тебе’. Тоа беше Метју“, се присетува Сара.
Метју е опериран и иако е во тешка состојба- карличната коска му е смачкана од куршумот и имал срцев удар Сара се надева дека  наскоро ќе закрепне доволно за да  можат да зминат дома да си ги видат децата.
„Жив е. Само се молам  што порано да си заминеме од Тунис. Планиравме свадба за во 2017 година и ќе бидеме најсреќниот пар  на светот бидејќи преживеавме нешто што многу парови   никогаш нема да го искусат во животот“, заклучува Сара.Метју со својата вереница  заминал на плажа и кога почнало пукањето тие се сончале.
Кога ја сфатил опасноста Метју со своето тело ја з

Пронајдете не на следниве мрежи: