Возач на автобус во Белград на линијата 50, Воислав Марковиќ, во неделата го запрел автобусот, излетал од него и спасил девојка од самоубиство, пренесува српски „Блиц“.„Немаше време за било какво убедување. Да поминеа уште 15-20 секунди таа ќе скокнеше. Има можеби 18 години, премина преку оградата повеќе од метар, се држеше само со една рака и гледаше доле кон автопатот. Бидејќи ми беше свртена со грб, полека дојдов отспротива со автобусот, повлеков рачна, вклучив четири трепкачи и излетав. Ја грабнав за половината случајно да не испадне, а еден дечко ми помогна да ја вратиме назад“ – навел Марковиќ.
Набрзо пристигнале итна помош и полиција.
Храбриот возач додал дека девојката плачела и дека била исплашена. Откако се вратил во автобусот, патниците го дочекале со воодушевување и аплауз.„Немаше време за било какво убедување. Да поминеа уште 15-20 секунди таа ќе скокнеше. Има можеби 18 години, премина преку оградата повеќе од
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.