Херојот од заложничката криза ќе добие француско државјанство

Ласана Батили, 24-годишниот Малиец која како вработен во парискиот супермаркет за еврејска кошер храна „Hyper Cacher“ на 9-ти јануари спаси неколку луѓе во заложничката криза, во вторник станува натурализиран Французин.Ласана Батили, кој во Франција работел на основа на едногодишна работна виза, е прогласен за херој откако неколкумина клиенти на кошер супермаркетот ги внел во ладилникот на супермаркетот и ја исклучил струјата, сокривајќи ги од џихадистот Амеди Кулибали кој упадна во продавницата со две автоматски пушки и притоа уби четири луѓе, а другите ги зема во заложништво.
Неговиот потег, покрај покажаното јунаштво, беше пофален и како пример на меѓуверско сочувство. Имено, тој е муслиман, а најголемиот број купувачи во супермаркетот се Евреи. Батили ги отфрла пофалбите дека сторил нешто посебно.
„Кога излегоа, беа радосни и ми се заблагодарија. Одговорив дека нема на што да ми бидат благодарни, тоа е животот“, рече тој.
Во деновите по заложничката драма, стотици илјади луѓе ја потпишаа онлајн петицијата на Батили да му биде доделено француско државјанство. Свеченоста на која овој париски херој ќе стане Французин, ќе се одржи во вторник навечер.Ласана Батили, кој во Франција работел на основа на едногодишна работна виза, е прогласен за херој откако неколкумина клиенти на кошер супермаркето

Пронајдете не на следниве мрежи: