Хилари Клинтон го спореди Путин со Хитлер

 
Хилари Клинтон долго време молчеше за кризата во Украина, вчера се огласи и во својата изјава, рускиот претседател Владимир Путин го спореди со Адолф Хитлер.
  
Клинтон не даде јавна изјава, но зборувала на приватна вечера за собирање донации во Калифорнија, по што повеќе присутни добија дозвола да ги пренесат нејзините коментари во јавноста, во кои Клинтон го споредила рускиот притисок врз деловите на Украина населени со Руси со начинот на кој Хитлер ги припојувал земјите со германско население, како Австрија и Чехословачка.

– Клинтон зборуваше за тоа како Путин е сличен на Хитлер, со тоа што им дава на етничките Руси во регионот на Крим пристап до Русија. Таа рече дека неговите постапки го дестабилизираат регионот, изјави учесник на вечерата, која решил да остане анонимен. Клинтон конкретно го осудила потегот на Путин да им понуди руски државјанства на етничките Руси во Украина, додавајќи дека на таков начин и фашистичка Германија го почнала освојувањето на Чехословачка.
Клинтон, поранешната прва дама, сенаторка од Њујорк и државна секретарка во првиот мандат на претседателот Обама, е позната по промовирањето на политиката на ресетирање на односите со Русија.
При посета на Москва, таа на рускиот колега Сергеј Лавров му подари големо црвено копче со буквите “ресет”, кое заедно го притиснаа и најавија нова ера во односите меѓу двете земји. Но, оваа политика пропадна откако Русија одби да престане со вооружување на сирискиот диктатор Башар ал Асад, одби да престане да му помага на Иран во развојот на нуклеарната програма, и конечно, со кризата во Украина.
Клинтон е најсериозен кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2016 година, и уште од сега нејзините можни противкандидати ја обвинуваат за улогата што ја одигра како државен секретар и за политиките кои доведоа до намалување на американското влијание и подемот на други сили.
Извор: Курир
  
Клинтон не даде јавна изјава, но зборувала на приватна вечера за собирање донации во Калифорнија, по што повеќе присутни добија дозв

Пронајдете не на следниве мрежи: