Хилари Клинтон официјално беше номинирана од Демократската партија за нејзин кандидат на претседателските избори во САД во ноември, со што првпат во 240-годишната историја на земјата во трката за Белата куќа учествува жена, кандидат на една од двете главни политички партии.Планирано е 68-годишната Клинтон да даде утре официјална согласност дека ќе ги претставува демократите на изборите.
Поранешната државна секретарка доби поддршка од мнозинството од делегатите на Конгресот на партијата во Филаделфија, преминувајќи го прагот од 2.382 гласови, кои беа потребни за нејзино номинирање.
Клинтон ја освои кандидатурата на демократите во битката на првичните избори и партиските конвенции со сенаторот Барни Сандерс, која траеше до последнен миг.
Поранешната прва дама за претседателската функција ќе се бори со републиканскиот кандидат, милијардерот Доналд Трамп на изборите на 8 ноември.
Анкетите на Ројтерси/Ипсос, чии резултати беа објавени вчера првпат од мај му даваат предност од два отсто на Трамп во однос на Клинтон. Според резултатите 39 отсто од анкетираните би гласале за Трамп, додека 37 отсто за Клинтон, а два проценти не би гласале за ниту еден од нив.
Приврзаниците на сенаторот Сандерс ги окупираа павилјоните на претставниците на медиумите на националниот Конгрес на демократите во Филаделфија, со цел да го изразат незадоволството од нечесниот процес на номинирање на кандидатите на партијата за претседателски избори.
Во протестот учествуваа околу сто лица, од кои повеќето делегати или гости на Конгресот.
Тие извикуваа „Целиот свет ве гледа“, кога полицијата ги блокираше вратите и не им дозволи пристап на новинарите до нив.
Протестот се одржа веднаш откако Клинтон официјално беше номинирана за претседателски кандидат на демократите.
Сандерс претходно ја поддржа Клинтот и изрази желба за обновување на единсвото во партијата.Планирано е 68-годишната Клинтон да даде утре официјална согласност дека ќе