Хилари Клинтон со навреди кон Трамп за неговата надворешна политика

Хилари Клинтон го лансираше најсилниот напад врз нејзиниот ривалски кандидат за претседател, Доналд Трамп, нарекувајќи го „темпераментно несоодветен“ за Овалната соба.Во последниот говор, посветен на надворешната политика, Клинтон со остар напад ги нарече политиките на Трамп „бизарни бладања, лични пресметки и чисти лаги“.
Нејзините груби зборови оставија грд впечаток за нејзината изборна кампања.
Таа го нарече Трамп „човек кој никогаш не смее да има пристап до нуклеарните кодови“, додавајќи дека „не е тешко да се замисли Трамп како ја води Америка во војна само зашто некој го изнервирал“.
Клинтон им кажа на своите поддржувачи дека наскоро ќе изберат меѓу „опасен лидер што не се разбира од светски политики“, и „безбеден лидер што ќе ја подобри економијата“.
На идејата на Трамп за градење на ѕид на Американско-Мексиканската граница, таа одговори со обвинувањето дека Трамп има „бизарна фасцинираност со диктатори и силеџии“, како Владимир Путин и Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.
Потоа, таа се пофали за своите напори во преговорите со Кина околу животната средина, како и оние со Русија за употребата на нуклеарно оружје, и додаде дека за разлика од неа, Трамп нема поим како да ги сопре ИСИС.
Да потсетиме на скандалот со милионските суми што фондацијата на Клинтонови ги прими од шеиците на блискоисточните држави, како и на оној со приватниот сервер што Хилари го користела за разговори далеку од очите на Американската влада.
Во минатонеделниот говор, Клинтон го опиша милијардерот како „измамник“ што ќе ги „излаже“ Американците, додавајќи дека е способен само за „објавување глупости на Твитер“, на што тој одговори со објава на Твитер, која гласеше: “Кутрата Хилари Клинтон не знае ни да си го прочита говорот добро“.Во последниот говор, посветен на надворешната политика, Клинтон со остар напад ги нарече политиките на Трамп „бизарни бладања, лични пресметк

Пронајдете не на следниве мрежи: