Извештајот што го добила Клинтон потврдувал дека Ал Каеда во Ирак говорела преку Мухамед Ал Аднани, кој сега е портпарол на ИД, исто така позната и како ИСИС. Западните и државите од заливот ја поддржувале терористичката група во обидот да го урнат сиријскиот диктатор Башар ал Асад, кој беше поткрепен од Русија, Иран и Кина, објави Breitbart.Во 2012 година во август, „ТАЕН“ доверлив документ бил испратен на повеќе раководни лица во администрацијата на Обама, и на агенции, меѓу кои и Стејт Департментот и лично канцеларијата на Клинтон.
„Документот е IAR (извештај за информации откриени од тајните служби)“, вели Кристофер Ферел, член на управниот одбор на Судскиот Надзор, кој дојде до документот. „Изработен е од некој во DIA, односно Агенцијата за одбранбено разузнавање. Тоа е извештај од терен на одреден агент за разузнавање“, кој најверојатно е владин агент.
„Тоа е извештај од терен до штабот со информации на кои некој ја обложува целата кариера“, вели Ферел.
Ферел потврди дека извештајот бил испратен директно до канцеларијата на Клинтон, според обележјето за примател: „RUEHC/SECSTATE WASHINGTON DC“.
Извештајот ја идентификува Ал Каеда во Ирак (AQI) како една од клучните елементи на Сиријската опозиција, што Западот избрал да ја „поддржи“.
ОПШТА СОСТОЈБА:
А.ВНАТРЕШНИТЕ НАСТАНИ ЗАЗЕМААТ ЈАСНА СЕКТАРИЈАНСКА НАСОКА.
Б.САЛАФИСТИТЕ, МУСЛИМАНСКОТО БРАТСТВО И AQI СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ СИЛИ ШТО ГИ ПОТТИКНУВААТ БУНТОВИТЕ ВО СИРИЈА.
Ц.ЗАПАДНИТЕ, ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАЛИВОТ И ТУРЦИЈА ЈА ПОДДРЖУВААТ ОПОЗИЦИЈАТА, ДОДЕКА РУСИЈА, КИНА И ИРАН ГО ПОДДРЖУВААТ РЕЖИМОТ.
Разузнавачкиот извештај содржи опширна анализа на AQI и на нивните методи и способности, и забелешка дека AQI говори преку портпаролот на ИД за Ирак, Ал Аднани.
Ал Аднани сега е главен портпарол на постоечката варијанта на ИД, позната и како ИСИС.
Според извештајот:
А.НА AQI СИРИЈА И Е ПОЗНАТА. AQI Е ТРЕНИРАНА ВО СИРИЈА И ПОТОА СЕ ИНФИЛТРИРАШЕ ВО ИРАК.
Б.AQI ЈА ПОДДРЖУВАШЕ СИРИЈСКАТА ОПОЗИЦИЈА ОД ПОЧЕТОКОТ, ИДЕОЛОШКИ И НИЗ МЕДИУМИТЕ. AQI ЈА ОБЈАВИ СПРОТИСТАВЕНОСТА НА ВЛАДАТА НА АСАД БИДЕЈЌИ ЈА СМЕТАШЕ ЗА СЕКТАРИЈАНСКИ РЕЖИМ ПРОТИВ СУНИТИТЕ.
Ц.AQI ИЗВРШИ БРОЈНИ ОПЕРАЦИИ ВО НЕКОЛКУ СИРИЈСКИ ГРАДОВИ ПОД ИМЕТО ЏАИШ АЛ НУСРА (ПОБЕДНИЧКА АРМИЈА), ЕДНА ОД СВОИТЕ ФИЛИЈАЛИ.
Д.AQI, ПРЕКУ ПОРТПАРОЛОТ НА ИД, АБУ МУХАМЕД АЛ АДНАНИ, ОБЈАВИ ДЕКА СИРИЈСКИОТ РЕЖИМ Е ПРЕДВОДНИК НА ОНА ШТО ГО НАРЕКУВА JIBHA AL RUWAFDH (ПРЕДЕН ПЛАН НА ШИИТИТЕ) ЗАРАДИ ОБЈАВУВАЊЕТО ВОЈНА НА СУНИТИТЕ ОД СТРАНА НА СИРИЈСКИОТ РЕЖИМ. ОСВЕН ТОА, ГИ ПОВИКУВА СУНИТИТЕ ВО ИРАК, А ОСОБЕНО ПЛЕМИЊАТА БЛИЗУ ГРАНИЦАТА МЕЃУ ИРАК И СИРИЈА ДА ПОЧНАТ ВОЈНА ПРОТИВ СИРИЈСКИОТ РЕЖИМ, СМЕТАЈЌИ ЈА СИРИЈА ЗА БЕЗБОЖЕН РЕЖИМ ЗАРАДИ НЕЈЗИНАТА ПОДДРШКА НА БЕЗБОЖНАТА ПАРТИЈА ХЕЗБОЛАХ, И ДРУГИ РЕЖИМИ ШТО ГИ СМЕТА ЗА ДИСИДЕНТИ, КАКО ИРАН И ИРАК.
Е.AQI ГО СМЕТА ПРАШАЊЕТО ЗА СУНИТИТЕ ВО ИРАК ПОВРЗАНО ЗА СУНИТСКИТЕ АРАПИ И МУСЛИМАНИ.
Разузнавачкиот извештај исто така го предвидува подемот на широка „Исламска Држава“ формирана од сегменти на групата на Ал Аднани:
ОВА СОЗДАВА ИДЕАЛНА АТМОСФЕРА ЗА AQI ДА СЕ ВРАТИ НА СТАРИТЕ ПОЗИЦИИ ВО МОСУЛ И РАМАДИ, И ДА ОВОЗМОЖИ ОБНОВЕНО ДВИЖЕЊЕ СО УНИФИЦИРАЊЕ НА ЏИХАДОТ МЕЃУ СУНИТИТЕ ОД ИРАК И СИРИЈА, И ОСТАНАТИТЕ СУНИТИ ВО АРАПСКИОТ СВЕТ ПРОТИВ ОНА ШТО СЕ СМЕТА ЗА ЕДИНСТВЕН НЕПРИЈАТЕЛ, ДИСИДЕНТИТЕ. ИСИ ИСТО ТАКА МОЖЕ ДА НАЈАВИ ИСЛАМСКА ДРЖАВА НИЗ УНИЈА СО ДРУГИ ТЕРОРИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ИРАК И СИРИЈА, ШТО ЌЕ СОЗДАДЕ ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ВО ОДНОС НА УНИФИЦИРАЊЕТО НА ИРАК И ЗАШТИТАТА НА ТЕРИТОРИЈАТА.
„AQI ИМАШЕ ОГРОМНИ БАЗИ И ПОЗИЦИИ НА ДВЕТЕ СТРАНИ НА ГРАНИЦАТА ЗА ДА ГО ОЛЕСНИ ТЕКОТ НА СВОИТЕ СИЛИ“, се вели во извештајот.
„ИМАШЕ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА AQI ВО ЗАПАДНИТЕ ПРОВИНЦИИ НА ИРАК ВО 2009 И 2010 ГОДИНА; СЕПАК, ПО ПОДЕМОТ НА БУНТОТ ВО СИРИЈА, ВЕРСКИТЕ И ПЛЕМЕНСКИ СИЛИ ВО РЕГИОНИТЕ ПОЧНАА ДА СОЧУВСТВУВААТ СО СЕКТАРИЈАНСКИОТ ПОДЕМ. ОВА СОЧУВСТВО СЕ ПОЈАВИ ВО ПЕТОЧНИТЕ ПРОПОВЕДИ, КОИ ГИ ПОВИКАА ВОЛОНТЕРИТЕ ДА ГИ ПОДДРЖАТ СУНИТИТЕ ВО СИРИЈА“, продолжува извештајот.
„ВО ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ МНОЗИНСТВОТО НА БОРЦИ ЗА AQI ВЛЕЗЕ ВО ИРАК ГЛАВНО ПРЕКУ СИРИЈСКАТА ГРАНИЦА“.
Стејт Департментот во 2014 год. го нарече Ал Аднани „Специјално Назначен Глобален Терорист“.
Кампањата на Клинтон нема коментар.
Во 2012 година во август, „ТАЕН“ доверлив документ бил испратен на повеќе раководни лица во администрацијата на Обама, и на агенции, ме