Денеска се набележува 71-годишнината откако јапонскиот град Хирошима беше целосно уништен по нападот од САД со нуклеарно оружје.На 6 август 1945 година, американскиот бомбардер Енола Геј ја пушти смртоносната бомба, наречена „Малото Момче“ врз Хирошима.
Со минута молк околу 50 000 луѓе го одбележаа сеќавањето на катастрофалниот ден. Меѓу нив беа и малкумина од преживеаните.
Бомбата инстантно усмрти илјадници луѓе, а голем дел умираа во агонија подолго време. До крајот на годината бројот изнесуваше 140 000 загинати.
Три дена подоцна, следеше и втора бомба врз градот Нагасаки. На 15 август Јапонија најави дека се предава и тоа беше нејзиниот крај во Втората Светска Војна.
Градоначалникот Казуми Мацуи изјави: „По посетата на Обама на Хирошима, ги повикувам сите светски лидери да ги посетат градовите бомбардирани со нуклеарно оружје“.
Инаку, Обама категорично одби да се извини за нападот, наведувајќи дека нема да ги менува одлуките на тогашниот претседател Хери Труман.
Премиерот Шинзо Абе ја изрази посветеноста да работи на свет без нуклеарно оружје: „Мора да се потрудиме трагедијата што им се случи на Хирошима и Нагасаки пред 71 година никогаш да не се повтори. Тоа е должност на сите кои живеат во сегашното време.“
Кандидатот за претседател на САД од републиканската партија, Доналд Трамп, изјави дека размислува да дозволи на Јапонија и на Јужна Кореја да бидат нуклеарни сили со свои оружја, наместо да се потпираат на заштитата на САД при евентуални напади од страна на Северна Кореја и Кина.
Сепак, мислењата се поделени. Новоизбраниот министер за одбрана на Јапонија, Томоми Инада, верува дека Јапонија не треба да поседува нуклеарно оружје.
Северна Кореја изврши неколку нуклеарни проби, од кои последната беше во Јануари. Во средата, лансираше ракета што слета во Јапонското море.
На 6 август 1945 година, американскиот бомбардер Енола Геј ја пушти смртоносната бомба, наречена „Малото Момче“ врз Хирошима.
С