Нов најсовремен ендоскопскиот систем за артроскопија денеска е промовиран во Хирушката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Вредноста на апаратот е 8 милиони денари. Се очекува да стигнат уште три ендоскопски столба. На промоцијата присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров.– Следи доаѓањето на уште три лапараскопски апарати, сличен на овој од најнов вид. Само четири вакви апарати фабриката има произведено и продадено. Овие апарати ги ставивме да бидат набавени порано и да бидат на услуга на лекарите и пациентите. Ми беше задоволство денеска она што го говоревме нешто повеќе од пред година и половина сега да го видам тука реализирано, потенцира Груевски.
Појасни дека за Хирушката клиника „Св.Наум Охридски“ се набавени мамограф и други апарати.
– Оваа болница која едно време кога бевме во опозиција, поранешниот министер за здравство на СДСМ планираше да ја затвори, да ја претвори во некаков хотел или да ја продаде, да направи некаква зделка, да се продаде за некаков хотел, не само што не замре…туку напротив доби многу на значење, стана многу опремена, со одличен лекарски кадар кој оди на континуирана едукација за најновите медицински достигнувања во светот и конечно наскоро ќе има можност за целосно внатрешно реновирање, додаде Груевски.
Хирургот трауматолог Виктор Камиловски од Хирушката клиника рече дека со новиот апарат извршиле две операции – атроскопија на рамо и на рачниот зглоб.
– Може да се вршат и атроскопски операции на рамења кои се лоцираат често, значи тоа се репетирани повреди кога излегува рамото шест седум пати. Се работи рамен зглоб, рачен зглоб и колена, истакна Камиловски.
Директорката на Хирушката клиника „Свети Наум Охридски“, Јасмина Чабуковска рече дека уште три ендоскопски столба треба да стигнат, а утре пристигнува дел од пратката за абдомен.
– Во Центарот за изгореници се донесени три стола, специјални кревети за третман на изгореници. Се очекува да се достават душеци и да се монтираат креветите, истакна Чабуковска.
Таа информира дека со специјалните кревети се сушат побрзо изгорениците, побрзо заздравуваат, не се развиваат декубитални рани кај пациентите.
Во врска со постапката за внатрешното реновирање на Клиниката, изградена во 1932 година, Тодоров информира дека се чека одобрение за градба. – Договорот е склучен за реновирање, чекаме одобрението да излезе. ИЗИС даде некое мислење, сепак сакаме се да биде според врвен стандард. Скопје е трусно подрачје и не смееме да дозволиме импровизација во тој дел и затоа треба да се направат дополнителни зајакнувања на статиката. Ако во јуни се добие градежната дозвола утредента ќе почне реновирањето, рече Тодоров.
Истакна дека операционите сали комплетно ќе се реновираат и болницата ќе добие комплетно нов лик внатре.
Груевски информира дека покрај реновирањето ќе се зајакне и статиката на зградата. Во врска со тоа како ќе функционира Клиниката, кога ќе почне реновирањето, Тодоров рече дека во еден дел на реновирањето ќе работи болницата, во период од четири месеци ќе се затвори, а докторите ќе работат во Клиничкиот центар и во ГОБ „8 Септември“.– Следи доаѓањето на уште три лапараскопски апарати, сличен на овој од најнов вид. Само четири вакви апарати фабриката има произведено и прод