Џејмс Фланган од Њујорк бил познат писател но и типичен дедо, кој ги обожавал своите пет внуци, на кои сакал да им го пренесе своето животно знаење.
Па решил да им напише писмо, починал ненадејно од срцев удар пет месеци откако го напишал писмото.
Прочитајте го во продолжение писмото:
Драги Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Кетрин.
Мојата мудра ќерка Рејчел ме поттикна да запишам некои работи, важни работи кои ги научив во текот на својот живот.
Ова писмо го пишувам на 8 април 2012 година, на својот 72 роденден.
1. Секој од вас е најубав дар од Бога за вашето семсјство и светот. Секогаш имајте го тоа на ум, особено кога се сомневате во себе.
2. Не се плашете од ништо и никого, живеете со полни гради. Следете ги своите желби и надежи без оглед на тоа колку се тешки и колку се разликуваат од туѓите. Луѓето често не го прават тоа што го сакаат бидејќи се плашат што другите ќе мислат за тоа.
3. Сите на светот сме само обични луѓе. Некои носат прескапи костими и имаат големи титули и моќ, па мислат дека се над останатите, но не е така. Тие имаат исти сомнежи, стравови, јадат, пијат исто како другите луѓе. Бидете авторитетни но сепак внимавајте како го правите тоа.
4. Направете список на работите кои сакате да ги направите, било да се тоа места кои сакате да ги посетите, вештини кои сакате да ги научите и сл. Нека списокот биде долг и секоја година исполнувајте нешто од него. Не зборувајте ќе го направам тоа утре, бидејќи тоа е сигурен начин дека нема да го направите.
5. Откако ќе пораснете и ќе имате деца запомнете и применувајте ја ирската поговорка „ Фалете ги децата и тие ќе цветаат.“
6. Бидете добри и трудете се да им помагате на другите- особено на слабите, на оние кои се исплашени и на децата. Сите тие носат некоја тага и потребно им е вашето сочувствување.
7. Немојте да се придружувате на војската или било која друга организација која ќе ве учи да убивате. Војната е зло. Сите војни ги започнале стари луѓе кои ги прелажале младите мажи да се мразат и убиваат меѓусебно. Ако војната е толку добра зошто не се борат оние што ќе ја започнат.
8. Читајте книги колку што можете. Тие се прекрасен извор на уживање, мудрост и инспирација. Со нив може секаде да патувате.
9. Секогаш бидете искрени
10. Патувајте кога и да бидете во можност, особено додека сте млади. Не чекајте да имате доволно пари, тоа никогаш ама баш никогаш нема да се случи.
11. Изберете професија и работа која ќе ја сакате. Нормално ќе има и тешки моменти, но сепак работата треба да биде уживање. Не прифаќајте работа само поради пари, тоа ќе ви ја осиромаши душата.
12. Не викајте! Тоа никогаш не успева, ве навредува и вас и останатите. Секој пат кога јас викав, доживеав неуспех.
13. Секогаш исполнувајте ги ветувањата кои ги давате на децата. Немојте да им велите „Ќе видиме“ кога знаете дека одговорот е не. Децата ја очекуваат вистината, дадете им ја со љубов и добрина.
14. Никогаш не му велете на никој дека го сакате ако тоа не е вистина.
15. Живете во склад со природата: излезете надвор, прошетајте низ шума, планина, море и пустина. Тоа е особено важно за душата.
16. Прегрнете ги луѓето што ги сакате. Кажете им колку ви значат, не чекајте да биде прекасно.
17. Постете го местото од каде што потекнува вашето семејство.
18. Бидете благодарни. Една поговорка вели „ Овој ден од нашиот живот нема никогаш да се повтори.“ Секој ден живеете со таа мисла.Џејмс Фланган од Њујорк бил познат писател но и типичен дедо, кој ги обожавал своите пет внуци, на кои сакал да им го