ХИТ: Се продава авион за прскање против комарци. Но, има уште едно изненадување!

„Не дозволувајте им на комарците да ве касаат. Наместо тоа, летајте над куќата и испрскајте ги штетниците. Можете со соседите по пола да купувате отров против комарци и ситни инсекти“, пишува во описот на овој оглас.На еден сајт за онлајн купување и продажба се појави хит оглас во кој извесен Дарко Никиќ продава авион за прскање против комарци YU-BOB, чија цена е „по договор“.
Меѓутоа, самиот предмет и не е толку интересен, колку што е описот на огласот во кој стои „дека е лесен за управување како детски велосипед“, а неговиот сопственик детално објаснил за што друго може да се користи.
„Можете да ја запросите својата девојка и да прославите нешто во воздух со чаша добро вино“, пишува во описот.
Авионот има четири прозорци од едната и од другата страна, обоен е во жолто-бела боја и како што вели Никиќ, „многу е убав и вреди да се види.“
„Авионот е преправен да работи на дизел, бидејќи немавме пумпа за керозин во близина“, посоветувал овој симпатичен сопственик.
Освен тоа, тој нуди и танк со отров, но и полн резервоар со гориво, а како подарок дава и два падобрани кои се купени на воен отпад. Комплетниот оглас можете да го погледнете ТУКА.На еден сајт за онлајн купување и продажба се појави хит оглас во кој извесен Дарко Никиќ продава авион за прскање против комарци YU-BOB, чија цена

Пронајдете не на следниве мрежи: