Хитот на летото во Битола од Булеварот на Книгите до Широк Сокак на Љубовта

Хитот на летото на Клубот Матица „Последната пролет во Париз“ го започнува својот пат низ Македонија. Заедно со уште 1000 нови наслови, градот Битола ќе ја има честа да го доживее првиот ноќен книжевен перформанс.Инспирирани од легендата за љубовната приказна помеѓу Мустафа и Елени, истиот ќе се одржи на Широк Сокак, под балконот од куќата на Елени Каринте.
Настанот е замислен како спој на љубовната легенда од минатото со новите книќевни љубовни страници од сегашноста. Настанот, покрај големиот избор на наслови и автори, како и цените димензионирани за сечиј вкус и за сечиј џеб, ќе понуди и многубројни изненадувања и подароци. Секако тука ќе биде и кругот на читатели со кој сите членови на Клубот од Битола,а и сите заинтересирани читатели ќе имаат можност да ги добијат своите омилени наслови по уште пониски цени.
Настанот е закажан за четврток, 10 јули со почеток во 18:00 часот. Истиот е замислен како можност посетителите да се дружат со книгите до доцна во ноќта и затоа е предвиден да трае се до полноќ.
под балконот на Елени Каринте
спој на љубовната легенда со новите љубовни страници автори,наслови,книги…
подароци ПРИКАЗНА ЗА СЕЧИЈ ВКУС
Сите во кругот на љубовта сите во кругот на читатели
датум: 10.07.2014
време: 18:00 – 24:00 часот
локација: Широк Сокак, под балконот на Елени КаринтеИнспирирани од легендата за љубовната приказна помеѓу Мустафа и Елени, истиот ќе се одржи на Широк Сокак, под балконот од куќата на Елени Каринте.

Пронајдете не на следниве мрежи: