„Ова ќе биде мошне тежок натпревар, бидејќи ни треба победа од овој дуел, додека пак од друга страна, екипата на Савехоф можат смирено да играат во текот на целиот натпревар, без никаков притисок“, вели Хмирова.ЖРК Вардар СЦБТ пласманот во завршницата од елитното клубско натпреварување ќе мора да го „визира“ на последниот натпревар кој Вардарки го играат на домашен терен против екипата на Савехоф од Шведска.
Савехоф е последен на табелата во групата „1“ од главната фаза во Лигата на Шампионите, има само 2 бода од досегашните натпревари од оваа фаза. На хартија шведскиот претставник е секако аутсајдер, македонскиот претставник е голем фаворит во овој дуел, меѓутоа клучен фактор е играта на теренот и залагањето кое ќе го даде конечниот одговор за тоа дали нашиот претставник ќе обезбеди пласман во посакуваната фаза.
Едниот од двата бода што ги освои Савехоф во оваа фаза од елитното клубско натпреварување е токму на домашен терен со нашиот претставник, каде конечниот исход гласеше нерешено со резултат 27-27.
Русинката од редовите на ЖРК Вардар СЦБТ, Татјана Хмирова во интервју за „Спорт365“ потврдува дека ова ќе биде мошне тежок натпревар, од причина што кај шведскиот претставник нема никаков притисок, па сиот притисок е во таборот на ЖРК Вардар СЦБТ.
Прочитајте го интервјуто до крај на спорт365ЖРК Вардар СЦБТ пласманот во завршницата од елитното клубско натпреварување ќе мора да го „визира“ на последниот натпревар кој Вардарки