Во 2003 година, поранешниот американски конгресмен Њут Гингрич, кој беше спикер во Претставничкиот дом од 1995-1999 година, одржа говор во конзервативниот тинк-тенк „Американ ентерпрајз институт“ во Вашингтон. Неговиот говор беше наречен „Одметнатиот Стејт департмент“ и во него тој напиша: „Низ целиот свет се шири антиамериканското чувство со несмалена жестина бидејќи американскиот Стејт департмент се откажа од вредностите и од принципите во корист на удобноста и на пасивноста. Стејт департментот мора да помине низ културен шок, низ темелна трансформација која ќе го претвори во поефикасен комуникатор на американските вредности во светот и ќе го стави подиректно под контрола на американскиот претседател. С` помалку од тоа би претставувало мечкина услуга за нацијата“. Ништо значајно не се смени оттогаш.
Хојт Ји и Џес Бејли се примери за таа одметната култура. Претседателот Трамп во своето инаугуративно обраќање рече: „Ќе се стремиме кон пријателство и добра волја со нациите во светот, но ќе го правиме тоа сфаќајќи дека право на сите нации е да ги стават на прво место сопствените интереси. Ние не сакаме да му го наметнеме својот начин на живеење никому туку да му дозволиме да блесне како пример што секој ќе го следи. Ќе ги зајакнеме старите сојузи и ќе формираме нови – и ќе го обединиме цивилизираниот свет против радикалниот исламски тероризам што целосно ќе го избришеме од лицето на Земјата.“ Јасно е дека дејствувањата на Бејли и на Ји не ги одразуваат политиките на претседателот Трамп.
За причините за тоа ќе зборуваме другпат. Сега мора да се справиме со ситуација во која повеќето Македонци се бесни на САД и на ЕУ и во која недовербата кон македонските институции дополнително се зголеми. Нивното координирано признавање, неколку часа по измамничкото гласање (откако седницата за тој ден беше затворена, со акламација, без мнозинство и без записи) придонесува за влошувањето на ситуацијата во Македонија. Тие се делумно виновни и за крвопролевањето – минато, а можеби и идно. И не сомневајте се: целата оваа епизода беше координирана. Секој што ќе ви каже поинаку е лажго.
Повеќето од западните амбасади и амбасадори објавија повеќе изјави и масовно ги искористија социјалните мрежи за да објават дека нивните влади го признале „изборот“ на Џафери. Министерот за пропаганда на Хитлер, Јозеф Гебелс, своевремено рекол: „Kога човек лаже, тоа треба да биде голема лага и тој треба да се придржува до неа“. Па сепак, во момент на апсолутна вистина, сите тие приватно ќе признаат дека тоа не е вистина. Всушност, јас повеќе би ги почитувал ако тие едноставно ја кажат вистината и речат: „Не ни се допаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ и сакаме да си заминат.“
Уште една работа што треба да се земе предвид: кога „меѓународната заедница“ ~ вели на Македонија дека ако им се покори, тие ќе помогнат во „гарантирањето“ и обезбедувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, јас имам само едно нешто да кажам: Резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на ОН. Ако се сеќавате, оваа реолуција го „гарантираше“ суверенитетот на тогашната Федеративна Република Југославија. Додека не престана да го прави тоа. Лекцијата од тоа е дека изјава од „меѓународната заедница“ за тоа како тие ќе го штитат и обезбедат суверенитетот на Македонија не вреди ни пет пари. Единствените луѓе што може да го гарантираат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија се Македонците! Ако има пријатели што сакаат да помогнат, нека помогнат. Но да се потпреш на „меѓународната заедница“ е пукање во празно.
Еве што ќе се случи во следните десет дена: СДСМ и неговите тирански господари ќе се обидат да состават, незаконски, влада. Тие ќе се координираат со амбасадите на САД и на ЕУ, меѓу другите, за тие веднаш да ги признаат во моментот кога едноставно ќе се прогласат себеси за „влада“. Kога ќе бидат во владата, тие веднаш ќе почнат да ја имплементираат тиранската платформа. Во исто време ќе се обидат, подеднакво незаконски, да го отстранат претседателот Иванов од функцијата. И повторно, ќе соработуваат со амбасадите на САД и на ЕУ за да го признаат и да го благословат овој потег. Сето тоа ќе биде координирано.
Kако да го спречиме ова? Освен со војна, што никогаш не е добра опција затоа што сите губат, има неколку тактики што би можеле да помогнат. Првата е да се поднесат тужби против „изборот“ на Џафери. Поднесете што е можно повеќе тужби против колку што е можно повеќе луѓе. Второ, во парламентите и во САД и во ЕУ, би можеле да се поведат истраги за „изборот“, да се побараат сослушувања и целиот процес треба да биде преиспитан од законодавството и од пријателски настроените претседатели и премиери. Трето, мора да продолжиме да им ја раскажуваме приказната на сите што сакаат да слушнат – и ова ќе помине.
За крај, би сакал да им оддадам признание на македонските патриоти што изминатите два месеца протестираат мирно, со радост и доследно против тиранската платформа. Огромна почит за нив и се надевам дека ќе продолжат. Но еден инцидент во четвртокот, во екот на битката, ме потсети дека во нивната срж, има огромна доблест кај тие што ја бранат Македонија (иако сфаќам дека страста и бесот, во ваква ситуација, не се правилни и не решаваат ништо): пратеникот Влатко Ѓорчев и министерот за здравство Никола Тодоров со своите тела ги штитеа Заев и членовите на неговата опозиција од толпата. Го сторија тоа за да го ублажат насилството. Но тоа што го направија беше несебично и доблесно и покажува дека во нивните срца има доблест. Доблеста е во срцата на сите што сакаат да ги одбранат интересите на Македонија, почнувајќи прво и пред с` со суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.
Пишува: Џејсон Мико за Дневник(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Тусон, Аризона, и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа)Неговиот говор беше наречен „Одметнатиот Стејт департмент“ и во него тој напиша: „Низ целиот свет се шири антиамериканското чувст