Хојт Ји ја потврди крајната цел на целото сценарио- промена на името и идентитетот

Loading...

Во македонската јавност веќе нема дилеми дека крајната цел на сето ова сценарио чија мета е Македонија е промена на името и идентитетот. Граѓаните ја препознаа ваквата игра и токму затоа протестите на Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА од ден на ден стануваат се’ помасовни и се одржуваат во се’ поголем број на градови ширум Македонија.Решавање на спорот за името, што практично ќе значи промена на името Македонија вчера од Загреб најави заменик-помошникот на американскиот државен секретар Брајан Хојт Ји, кој изјави дека со изборот на влада ќе се решел и спорот со Грција со името, а тогаш Македонија ќе можела да пристапи и во НАТО.
– Мнозинството во македонскиот Парламент изразија волја да формираат влада. Се надеваме дека македонскиот претседател на мнозинството членови на Парламентот ќе им овозможи што побргу да формираат влада. На државата и треба влада која мора да ги продолжи реформите, кажал Хојт Ји и додал дека со изборот на влада и со продолжување на реформите ќе се реши и спорот со Грција за името, а тогаш Македонија ќе може да пристапи и во НАТО.
 
Екс министерот и кандидат за претседател на СДСМ Љубомир Фрчковски го гостувањето во „Топ Тема“ на Телма неодамна истакна дека оваа година е потребен влез во НАТО и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името.
-Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, вели Фрчковски.
Со ова Фрчковски практично го открива и вториот дел од планот на Зоран Заев кој покрај воведување на двојазичност и федерализација на Македонија, планира да го промени и името на државата.
Прашањето за името, односно неговата промена, се споменува и во Платформата на албанските партии потпишана во Тирана.
Интеграција во Европската Унија и НАТО се бара и во Платформата на албанските партии потпишана во Тирана, но без да биде прецизирано како Република Македонија би станала дел од Унијата. Прашањето за името односно неговото решавање, исто така се споменува во Платформата, при што се бара вклучување на Албанците во директните преговори во Грција.
-Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, стои во Платформата на албанските партии.
Не само името, се бара промена и на идентитетот
За коалиционите партнери на Зоран Заев не постои македонскиот народ. Зијадин Села во скандалозна изјава вели дека македонскиот идентитет не постои, а пред 100 години македонскиот народ не постоел.
-Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректнин и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ, вели Зијадин Села во скандалозната изјава.
Инаку Зијадин Села е еден од потписниците на Платформата од Тирана и тој е еден од оние кој прв му ја даде својата поддршка на Зоран Заев за формирање влада.Решавање на спорот за името, што практично ќе значи промена на името Македонија вчера од Загреб најави заменик-помошникот на американскиот државен

loading...