Хојт Ји пристигна во Скопје – средбите почнуваат попладнево

Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија ќе ја посети Република Македонија денеска и утре е во Скопје.- „Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција“, пишува во соопштението на американската амбасада во Скопје.
Средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе започе сега. До вечер, според информациите, Ји ќе се сретне со лидерите на партиите на Албанците, пренесува ТВ21.
Американскиот дипломат утре попладне ќе разговара и со претседателот на СДСМ Зоран Заев а според очекувањата утре ќе биде и средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во рамки на дводневната посета тој ќе се сретне и со претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој првично рече дека нема да се види со Ји но подоцнанајави дека ќе разговара со него.- „Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите

Пронајдете не на следниве мрежи: