Селекцијата на Холандија е последниот патник во полуфиналето од СП во Бразил. Во вчерашниот натпревар од четвртфиналето, одигран на стадионот „Арена Фонте Нова“ во Салвадор, Холанѓаните ја совлада Костарика по подоброто изведување на пеналите, со резултат 4:3.Холандија доминираше во текот на натпреварот, но пропуштија бројни прилики, па беа осудени на „пенал драма“ во која со два одбранети удари резервниот голман Тим Крул стана херој на нацијата.
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Германија и Бразил, кои ќе играат на 8 јули во Бело Хоризонте. А ден подоцна ќе се сретнат Аргентина и Холандија во Сао Паоло.
Натпреварот за трето место ќе се одигра во Бразилија на 12 јули, а финалето ќе се одигра на култниот стадион „Маракана“ во Рио Де Жанеиро на 13 јули.Холандија доминираше во текот на натпреварот, но пропуштија бројни прилики, па беа осудени на „пенал драма“ во која со два одбран