Компанијата од Холандија, Инофрут ќе инвестира во Македонија превземајќи го пропаднатиот комбинат Агро лозар од Богданци, објави Лидер.Инвестицискиот план предвидува инвестиција од околу 10 милиони евра и вработување на најмалку 130 работници. Според информациите на Лидер, инвестицијата ќе се однесува на земјиште од околу 250 хектари, а производството ќе биде лоцирано во Јужна Македонија Дојран и Богданци. Вредноста на инвестицијата не е само во отворањето на нови работни места, туку и во откупно дистрибутивниот центар кој тие таму ќе го отворат, како и во извозот кој ќе го пласираат што ќе биде дополнителна стимулација за развој на македонското земјоделие. Ќе се рестартира уште еден пропаднат капацитет.
Инаку компанијата се занимава со иновации во земјоделскиот сектор, воведување на нови технологии за современо земјоделско производство и најнови сорти на овошни насади и изградба на откупно дистрибутивни центри. Компанијата е дел од Групацијата Олимпик фуд груп со седиште во Ротердам и поседуваат еден од најсовремените логистички центри за испорака на овошје и зеленчук. Имат досега инвестиции воповеќе држави надвор од Европа. Во Македонија планот им е од наредниот месец да подигнат плантажа за најсовремени високоприносни сорти на цреши и трпезно грозје на површина од околу 60 хектари. Истовремено ќе изградат и откупно дисктрибутивен центар во близина на Дојран, дознава Лидер.
Четири инвестиции за една недела
Ова е четврта инвестиција во последните шест дена. Освен Инофрут, претходеше договор за инвестирање со „СТС Текстил“ во Велес каде ќе се отворат 1.000 работни места, потоа се одбележа почетокот на работа на германската компанија „Костал“ во Охрид во која ќе се вработат уште 1.000 лица, инвестицијата на „Цераметал“ во Битола е трета инвестиција и нови над 2.600 работни места.Инвестицискиот план предвидува инвестиција од околу 10 милиони евра и вработување на најмалку 130