Една од најпознатите холивудски актерки морала да научи да живее со мрачна тајна која ја погонува од детството.Се работи за Шарлиз Терон која како девојче растела на семејна фарма во близина на Јоханесбург во Јужноафриканската република.
Шарлиз живеела со мајката Герда и таткото Чарлс кој секојдневно ја злоупотребувал нејзината мајка.
Целата работа кулминирала кога нејзината мајка повеќе не можела да ги издржи секојдневните тортури. Таа кобна ноќ, Чарлс се вратил пијан дома и повторно почнал да ја напаѓа нејзината мајка која во самоодбрана го убила својот сопруг.
Актерката тогаш имала 15 години.
На суд подоцна било докажано дека убиството било оправдано и дека се случило во самоодбрана, но сликите од таа вечер и понатаму ја прогонуваат славната актерка која во едно интервју рекла дека научила да се носи со тоа.Се работи за Шарлиз Терон која како девојче растела на семејна фарма во близина на Јоханесбург во Јужноафриканската република.