Холивудски актер ја изгуби борбата со леукемијата

Почина актерот Бери Џенер, ѕвездата од серијата „Ѕвездени патеки“, во која ја играше улогата на адмирал Вилијам Рос.Актерот Бери Џенер, кој е најпознат по улогите во „Далас“, „Ѕвездени патеки“ и „Под истиот покрив“, во вторникот во Лос Анџелес на свои 75 години ја изгуби битката со леукемијата.
Се појави во 12 епизоди во седмата сезона на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки: Длабоко место 9“, кадешто го толкуваше адмиралот Вилијам Рос.
Сочувство до семејството на Бери Џенер изрази неговиот колега од „Ѕвездени патеки“ Армин Шимерман, кој порача:
„Срцето ми е скршено. Тагувам и не верувам. Почина мој добар пријател. Изразувам сочувство на сопругата Сузан и на сите оние кои го сакаа“.
Фановите на култната серија се завиени во црно.
Актерот Бери Џенер, кој е најпознат по улогите во „Далас“, „Ѕвездени патеки“ и „Под истиот покрив“, во вторнико

Пронајдете не на следниве мрежи: