петок, 27 ноември 2026
Најново
Мислење

Хорхе, Чадорот и Зајакот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Добредојдовте во Саботна Јавна Ономатопеја (СЈО) на Алекс ВанкоБурна недела. Хорхе помилује, Амбасадори тропаат на порти, Заев глуми херој. Незадоволство кај „широките социјалдемократски маси“. Три дена потоа – пресврт. Раководството на ВМРО поднесува поединечно барања за одбивање на аболицијата. Заев не. Што се случи? Едноставна, проста и ефективна МОСАД техника, извади ја лисицата на чистина. Фрли информација на маса – и види кој како ќе реагира. Најс енд симпл. Во нашиот случај Зајакот и Чадорот. Еден час по објавата на Иванов на ТВ, чадорот, сега со име и презиме, Џес Бејли тропаше на вратата на Иванов. Не му отворија. Помалите чадорчиња утредента изутрина беа кај Катица. За поддршка. Главното помало чадорче исто доби име и презиме. Чарлс Герет твиташе од СЈО прес  и делеше лекции за демократија. Зајакот се силеше и закануваше со украински сценарија на ТВ. Убава слика нели?
      Е сега од кога ги истеравме животинките на чистина, полесно се дише. Не треба апликација за чист воздух. И додека хулиганите онанираа по Скопје. На народот му беа измиени очите. Сега гледа јасно и чисто. И чека Зајакот ПИСМЕНО да побара поништување на сопствената аболиција.  На здравје здрав разум Македонијо !
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарБурна недела. Хорхе

Поврзани вести