Хорор: Братот ги силувал малолетните сестри

Полицијата утврди дека Ј.Л. (21) од Српски Крстур повеќе пати имал сексуални односи со помладите сестри кои имаат 13 и 14 години.Ј.Л. полицијата го товари дека е одговорен за шокантен случај на родосквернавење, зошто имал сексуални односи со малолетни сестри.
Полицијата за овој случај дозна откако постарото девојче се пожалило на училишниот психолог, по што биле известени надлежните служби. Споре сознанијата, Ј.Л. сестрите годинава неколку пати ги обљубил, а не се исклучува можноста дека тоа го сторил и минатата година.
-Ј.Л. призна дека го направил тоа и се каеше. Прашање е колку беше искрен, вели за српски Курир, извор од истрагата и додава: Девојчињата живеат со братот и нивните родители. Се работи за социјално загрозено семејство. Едно време девојчињата биле сместени во дом семејство, но побегнале и се вратиле во семејната куќа. Против нивниот брат е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – родосквернавење, вели изворот.
Инспекторите за сузбивање на малолетничка деликвенција велат дека во овј крај на мета на сексуалните предатори се девојчиња на возраст од 13 и 15 години, но се паметат и бизарни случаи на сексуално злоставување на момчњи на истата возраст.
-Навистина несфатливо е и помлади, но и мажи во зрели години се во состојба тоа да го направат. Тоа што се крие во нивните умови неразбирливо е за норамален човек. Расветлувањето на кривичните дела родосквернавање, но и обљуба на дете и недозволени полови дејства е многу тешко. Откако во медиумите за овие болни теми поотворено се зборува, полесно доаѓаме до оперативни податоци. Нсекако, медиумите мора одговорно да се однесуваат и да не известуваат сензационалистички, истакнуваат тие.Ј.Л. полицијата го товари дека е одговорен за шокантен случај на родосквернавење, зошто имал сексуални односи со малолетни сестри.
Полиција

Пронајдете не на следниве мрежи: