Хорор: Четири девојки полеани со солна киселина во Марсеј

Во текот на вчерашниот ден, една жена фрлила киселина на четири девојки – државјани на САД на железничката станица во францускиот град Марсеј. Француските власти порачаа дека „не веруваат“ дека станува збор за терористички напад.Француските медиуми пренесуваат дека две девојки на возраст од 20 и 21 година поминале со посериозни повреди, од кои за едната се шпекулира дека добила сериозно оштетување на окото.

Нападот го извела 41-годишна жена која што полеала вкупно четири девојки.
На другите две девојки исто така им била укажана медицинска помош во најблиската болница, соопштија од полицијата од Марсеј – двете имале изгореници на лицето. Сите Американки биле во посета на овој француски град и на железничката станица пристигнале за да си заминат од градот.
Како што пренесуваат француските медиуми, 41-годишната жена која што го извела нападот била уапсена на лице место. Моментално француските власти истражуваат дали таа имала некакви терористички мотиви. Се шпекулира дека жената имала психички пореметувања, но повеќе информации ќе бидат достапни во текот на денешниот ден.
Француските медиуми пренесуваат дека две девојки на возраст од 20 и 21 година поминале со посериозни повреди, од кои за едната се шпекулира дека до

Пронајдете не на следниве мрежи: