ХОРОР ДИЕТА: Тој ослабел 10 килограми за 24 часа!

Спортскиот научник Рос Едглеј (28) реши да го стави своето тело на тест со цел да докаже дека човечката тежина варира врз основа на повеќе фактори. Тој успеа за 24 часа да намали речиси 10 килограми преку намалување на количеството на вода во телото.-Многу луѓе се робови на вагите за мерење и својата самодоверба и исхрана ја подредуваат на нив. Се надевам дека овој експеримент ќе создаде здрав однос меѓу луѓето и вагите и дека луѓето ќе сфатат дека тежината може да варира врз основа на повеќе фактори, а не само врз основа на масните наслаги, вели Рос.
Тој успеал да симне скоро 11 килограми преку диета без јаглехидрати и сол, користење на сауна и костими за потење како и со помош на солени водени бањи.
-Од 50 до 70 проценти од телесната тежина отпаѓа на вода. Па така ако тежам 95 килограми теоретски 47, 5 кг од моето тело се вода. Намалувањето на премногу вода од организмот може да биде фатално со оглед на тоа дека водата е потребна за одржување на здраво тело. Но, намалувањето на водата во телото преку костуми за потење, диуретици и не земање вода драматично може да ми ја намали тежината, објаснува Едглеј…

 

Иако подвигот е успешен, тој потенцира дека неговиот експеримент е прилично ризичен за да се направи во неконтролирани услови и на своја рака.
-Она што го направив јас е опасно и е направено под мошне строги услови со консултација од лекар пред да се започне експериментот. Беше направено со цел да се докаже дека бројките кои што ги покажуваат вагите за мерење може да варираат и имаат мала поврзаност со вашето масно ткиво, вели Рос.
По завршувањето на неговиот екстремен експеримент, тој се вратил на првобитната тежина за два часа.-Многу луѓе се робови на вагите за мерење и својата самодоверба и исхрана ја подредуваат на нив. Се надевам дека овој експеримент ќе создаде здрав

Пронајдете не на следниве мрежи: