Хорор: Ја силувал 5 годишната братучетка па ja обесил…

Седумнаесет годишно момче е обвинето за силување на својата 5-годишна братучетка во напуштен стан во Далас, како и за тоа дека веднаш по сексуалниот чин ја обесил во плакарот од станот.Обвинетиот Ангел Санчез Зентено се доселил илегално во САД, каде живее помалку од две години, а за бруталното злосторство бил приведен пред околу еден месец.
Зентено пред судот тврдел дека тој е жртва во случајов, бидејќи на грозоморниот чин го натерал извесен Карлос, кој му се заканувал со пиштол да му го  направи тоа на девојчето. Тој пред судот признал дека бил соучесник во овој случај, но дека за силувањето и убиството е виновен Карлос.
Обвинетиот посочил дека и самиот извесно време бил заклучен во плакар и дека додека бил внатре престанал да го слуша плачот на неговата братучетка.
Девојчето било оставено со својот роднина додека нејзините родители биле на работа. Во кобниот ден осомничениот и жртвата си играле заедно со уште две тригодишни девојчиња, пред тој да ја однесе на местото на злосторството.
Полицијата во Далас ја продолжува истрагата околу бруталното силување и убиство и трага по наведениот „Карлос“.Обвинетиот Ангел Санчез Зентено се доселил илегално во САД, каде живее помалку од две години, а за бруталното злосторство бил приведен пред околу е

Пронајдете не на следниве мрежи: